Детали за огласот

  • AГЕНЦИЈА РЕЈТИНГ СП-МСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни места2
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.rating.mk
  • Код на огласотTGOONJH

(Неактивен) - СЕНИОР ПР МЕНАЏЕР

Детали за огласот

 

Агенција Рејтинг вработува

Сениор ПР Менаџер!

 

Агенција Рејтинг има потреба од Сениор ПР менаџер со најмалку 5 години искуство во областа чија одговорност ќе биде создавање и одржување на позитивен јавен имиџ на клиентите на Агенцијата и нивна максимална застапеност во медиумите. Тоа подразбира осмислување на сите ПР стратегии и активности за клиентите, како и нивно спроведување од почеток до крај.

 

Потребно е кандидатот да има познавање и интерес за општествено-социјалните и политички случувања во земјата и светот, а пожелно е и искуство во работа со институции, меѓународни организации, невладин сектор. Неопходни се одлични способности за пишување, истражување и организирање. Кандидатот би бил во постојана комуникација со клиентите и сите вклучени во проектите, за што се потребни и одлични комуникациски вештини.

 

Одговорности:

·         Развивање на комуникациски стратегии

·         Развивање на комуникациски планови и координирање на сите ПР активности;

·         Пишување материјали за различни комуникациски канали и обезбедување на пласмани во традиционални и онлајн медиуми (соопштенија, интервјуа, клучни пораки, прашања и одговори, ПР текстови, говори, концепти за ТВ гостувања, сценарија и сл.);

·         Одговарање на новинарски прашања, организирање настапи и прес конференции;

·         Постојано следење на медиумите и општествено-социјалните и политички случувања;

·         Справување се негативен публицитет и итно реагирање во кризни ситуации;

·         Секојдневна координација и комуникација со нашите клиенти;

·         Комуникација со медиуми во име на клиентите;

·         Организирање и спроведување на настани, кампањи и поврзани активности;

·         Создавање на содржина за социјалните медиуми и развивање на стратегии за промоција на истата;

·         Целосно водење на ПР проекти и кампањи;

·         Брифирање на интерни или екстерни тимови за фото, видео продукција и дизајн;

·         Навремено реализирање на сите задачи во дадените рокови;

 

Кандидатот треба:

·         Да има завршено високо образование во областа на односи со јавноста, комуникациски науки или друго релеватно поле;

·         Да има најмалку 5 години работно искуство како ПР менаџер или да работел на слична позиција;

·         Претходно искуство во маркетинг или ПР агенција ќе се смета за предност;

·         Да има добро познавање и будно да ги следи трендовите во политичката, социјалната и економската сфера;

·         Да има искуство во спроведување на општествени, корпоративни, но и комерцијални кампањи;

·         Да има познавање од целосна комуникациска индустрија, вклучително маркетинг, адвертајзинг, дигитална комуникација и сл.

·         Да поседува одлични вештини за комуникација и пишување;

·         Да има познавање од генералната медиумска слика во земјата, како и клучни претставници на медиумите;

·         Да биде проактивна и организирана личност, способна да работи на повеќе проекти истовремено и да исполнува рокови;

·         Да биде вешт со компјутери; задолжително познавање на Microsoft Office пакет;

·         Да биде подготвен за индивидуална и тимска работа;

·         Одлично да го познава англискиот јазик;

·         Да има око за детали и аналитика;

 

Што нудиме:

Позицијата овозможува:

·         Одлични услови, компетитивна плата и можност за напредок;

·         Супер искусен тим;

·         Можност за доквалификации и посета на обуки и семинари;

·         Пријателска работна атмосфера;

·         Флексибилно работно време;

·         Можност да се соработува со истакнати клиенти и експерти од областа; можност за проширување на знаењето

 

За Агенција Рејтинг

Агенцијата Рејтинг е  основана во 2007 г. со главна специјалност за односи со јавност и стратешки и корпоративни комуникации, кампањи за подигнување на јавната свест, како и истражување на јавното мислење и истражување на пазарот.

Сите заинтересирани кандидати можат да ги достават документите по електронски пат на е-mail: jobs@rating.mk