Авторски права и политика за користење
Огласите на Вработи.се се пополнуваат исклучиво од огласувачите и како такви јавно се објавуваат. Со испраќање на огласот, огласувачот презема целосна одговорност за содржината наведена во него и се согласува да биде прикажан на Вработи.се.
Доколку се објави оглас со несоодветна содржина (неточни податоци, непотполни податоци, повреда на авторски права, навредлива содржина) истиот ќе биде одстранет, а корисничкиот профил избришан од системот.
Не е дозволено објавување на повеќе огласи за исто работно место од страна на една компанија.
Вработи.се не одговара за содржината наведена во огласите за вработување и се оградува од било каква штета настаната од нив. Доколку во огласот се повредени авторските права, сопственикот на истите е должен да не контактира на info@vraboti.se и истиот ќе биде избришан од системот.
Сите објавени огласи се во сопственост на Вработи.се и не смеат да бидат копирани или превземани од страна на други веб сервиси.
Вработи.се го задржува правото за измена на политиката за користење.