Вработи.се ...Најбрзо и најлесно!
  • дома
  • за нас
  • блог
  • mk
    • МК
    • EN
  • внеси оглас
  • најави се
    • работодавач
    • работобарател

  • 0 НОВИ ОГЛАСИ
  • 122 АКТИВНИ ОГЛАСИ
  • 5007 КОМПАНИИ
  • 46481 ИСПРАТЕНИ АПЛИКАЦИИ
  • 210357 ОБЈАВЕНИ ОГЛАСИ
  • 13-06-2025

Како да изберете референти кои ќе ви помогнат во добивањето на работа

Кога конкурирате за работа, добрата биографија и мотивациското писмо се важни, но препораките од вистинските луѓе можат да бидат тоа што ќе ја направи разликата. Компаниите сè почесто сакаат да слушнат од некој што ве познава на професионално поле. Затоа е важно да знаете кого да изберете, како да го замолите и како да изградите професионален круг на луѓе што ќе ве препорачаат со сигурност.

  1. Изберете луѓе што ве познаваат од работа

Најдобрите референти се оние што веќе ве имаат видено „во акција“. Тоа може да бидат:

  • Поранешни менаџери или супервизори
  • Колеги со кои сте работеле на важни проекти
  • Клиенти или соработници, доколку сте фриленсер или имате свој бизнис

Важно е тие да имаат што да кажат за вашата работа, одговорност, комуникација и однесување во тим.

  1. Комуницирајте отворено и професионално

Не испраќајте само порака од типот „Можеш ли да ми бидеш референт?“
Наместо тоа:

  • Објаснете за која работа аплицирате
  • Потсетете ги на проекти или ситуации во кои сте соработувале успешно
  • Замолете ги дали би сакале да дадат искрена препорака

Пример порака:

„Здраво [име], аплицирам за позиција како [позиција] во [компанија]. Мислам дека твојата перспектива од нашата соработка во [проект/компанија] би ми била од голема корист. Дали би било во ред доколку те наведам како референт?“

  1. Одберете луѓе што зборуваат со авторитет

Референцијата скоро секогаш има поголема тежина доколку доаѓа од некој што има позиција или искуство што се почитува во индустријата. Тоа не значи дека мора да е менаџер, може да е и колега, но со кредибилитет.

Совет: Понекогаш е подобро да имате неколку добри и детални препораки отколку само „формално“ спомнати имиња.

  1. Одржувајте контакт и инвестирајте во самиот професионален круг

Добрата професионална ,,мрежа” не се гради во моментот кога ви треба, туку многу време пред тоа. Затоа наш совет би било да:

  • Останете во контакт со поранешни колеги
  • Споделувајте што правите и работите, како и каде сте моментално на кариерно поле
  • Бидете подготвени и вие да помогнете кога некој друг ќе ви се обрати

Градењето на професионални односи не мора да биде секогаш формално, понекогаш и обична „Како си?“ порака може да го одржи контактот помеѓу вас.

Заклучок

Изборот на референти не е само технички дел од процесот, тој е дел од вашата лична репутација. Одберете луѓе што навистина ве познаваат, комуницирајте искрено и одржувајте го вашиот професионален круг со почит и искреност. Кога референцијата е добро избрана, таа не само што ве препорачува, туку ве претставува во најдобро светло.

Статии
„Добра игра. Фер плеј“ – Lidl започнува кампања за вработување
  • 21-05-2026
Како да побарате поголема плата без да ви биде непријатно
  • 19-03-2026
Работни места што AI први ќе ги замени во следните години
  • 02-03-2026
Зошто добрите работници денес најбрзо даваат отказ
  • 21-10-2025
„Дадов отказ без нова работа“ – Сè повеќе млади го прават ова
  • 17-09-2025
Категории
  • Интервјуа
  • Совети
  • Колумни
  • Новости
  • Разно
Топ омилени огласи
  • SALES MANAGER
  • ОПШТИ РАБОТНИЦИ
  • ДОКТОР/КА
  • TOURISM AND HOSPITALITY SECTOR FACILITATOR
  • ДИСТРИБУТЕР/МАГАЦИОНЕР
  • ОПШТ РАБОТНИК
  • ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР
  • ЛОЖАЧ НА ПАРЕН КОТЕЛ
  • ВОЗАЧ
  • ПРОДАВАЧ
  • МАГАЦИОНЕР
  • ENGLISH LANGUAGE LEARNING SPECIALIST
  • DISPATCH
  • МАЈСТОР
  • МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР
Најактивни индустрии
  • Продажба и трговија (31)
  • Разни области (20)
  • Прехранбена (13)
  • Градежништво и Архитектур... (11)
  • Електроника и Телекомуник... (5)
  • Угостителство (4)
  • Производство (4)
  • Шпедиција и транспорт (4)
  • Информатика (4)
  • Администрација (3)
  • Туризам (3)
  • Медицина и здравство (3)
  • Стоматологија (2)
  • Право (2)
  • Сметководство (2)
  • Фармација (1)
  • Дистрибуција и Логистика (1)
  • (1)
  • Текстилна (1)
  • Осигурување (1)
Најчитани огласи
  • ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
  • АДМИНИСТРАТОР
  • ENGLISH LANGUAGE LEARNING SPECIALIST
  • РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ - БИРО ЗА ЈАВНИ НАБ...
  • ПОМОШНИК СМЕТКОВОДИТЕЛ
  • ДИСТРИБУТЕР/МАГАЦИОНЕР
  • SALES MANAGER
  • DISPATCH
  • ОПШТ МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК
  • КОМЕРЦИЈАЛИСТ
  • МАГАЦИОНЕР
  • TOURISM AND HOSPITALITY SECTOR FACILITATOR
  • КЕЛНЕР/КА
  • ВОЗАЧ
Најактивни региони
  • Скопје (66)
  • нема информација (19)
  • Македонија (8)
  • Битола (7)
  • Штип (4)
  • Струга (4)
  • Охрид (3)
  • Велес (2)
  • Прилеп (2)
  • Струмица (1)
  • Тетово (1)
  • Гевгелија (1)
  • Кавадарци (1)
  • Куманово (1)
  • Кичево (1)
  • Надвор од Македонија (1)
Издвоени огласи
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА (ТЕТОВО)
  • Тетово
  • Лидл Северна Македон...
  • 10-09-2026
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА (КИЧЕВО)
  • Кичево
  • Лидл Северна Македон...
  • 10-09-2026
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА (КУМАНОВ...
  • Куманово
  • Лидл Северна Македон...
  • 10-09-2026
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА (ШТИП)
  • Штип
  • Лидл Северна Македон...
  • 10-09-2026

Профил на компанијата

Логирајте се за да внесете оглас и да ги уредувате веќе внесените огласи за вработување.

Логин форма

Вработи.се е платформа којашто на сите баратели на работа и нови можности за напредок во кариерата им овозможува најлесен и најбрз пристап до сите отворени позиции за вработување или пракса во компании од најразлични индустрии.

Со децениско постоење на македонскиот пазар и огромно портфолио на задоволни клиенти, Вработи.се ги поврзува компаниите чијашто цел е градење на тим од професионалци со сите кандидати заинтересирани за професионален напредок. 

Платформата Вработи.се е поддржана од компанијата Ignite Global Media.

  • Често поставувани прашања
  • Внеси оглас
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Ценовник
  • Референтна листа
  • Блог
  • За нас
  • Контакт
  • info@vraboti.se

  • Архива
2026 Вработи.се © - Сите права се задржани