3 МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ - СКОПЈЕ ИЛИ СЕВЕРОЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА

Детали за огласот

ЗА КОМПАНИЈАТА

Како дел од нашата стратегија за понатамошен раст, проширување на пазарното присуство и развој на производното портфолио, МАРТИ АЛКО ДООЕЛ бара три мотивирани, амбициозни и професионални личности кои ќе станат дел од нашиот медицински продажен тим.Отворени позиции:Медицински претставник – Скопски регион (2 позиции)Медицински претставник – Северозападна Македонија: Тетово, Гостивар и Кичево (1 позиција)

ШТО НУДИМЕ?

Работа во стабилна компанија со повеќе од 30 години искуство во фармацевтскиот сектор.Работа со меѓународни брендови и разновидно производно портфолио.Структурирана почетна обука и континуирана едукација.Менторска поддршка и можност за професионален развој.Јасно дефинирани цели, одговорности и систем за следење на резултатите.Можност за кариерно напредување во компанијата.Стимулативни услови за работа и наградување согласно постигнатите резултати.

ВАШИТЕ ОДГОВОРНОСТИ

Стручна презентација и промоција на производите од нашето портфолио пред доктори, фармацевти и други здравствени работници.Градење, развивање и одржување долгорочни професионални односи со здравствените работници.Планирање, организирање и реализација на теренски посети согласно поставените цели.Следење и анализа на пазарот, конкуренцијата и продажните резултати.Идентификување нови деловни можности и развој на постојните соработки.Активно учество во стручни едукации, презентации, конгреси и промотивни активности.Редовно известување и следење на индивидуалните и тимските резултати.

АПЛИЦИРАЊЕ

Испратете ја вашата биографија (CV) на: martialko@martialko.mk

Рок за аплицирање: 30.11.2026 год.Во насловот на е-поштата наведете: Медицински претставник – Скопје или Медицински претставник – Северозападна Македонија.МАРТИ АЛКО – Растеме заедно со луѓето кои создаваат вредност.