Детали за огласот

  • Knauf MakedonijaСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни местанема информација
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.knauf.mk
  • Код на огласотTGOOHKM

(Неактивен) - ЦАРИНСКИ СПЕЦИЈАЛИСТ

Детали за огласот

За Кнауф: 

Ние сме еден од водечките светски експерти за градежништво и иноватори во областа на современите системи за гипс плочи, изолација и градежни материјали. Без оглед на структурата или градежниот проект – Кнауф реализира – за и со своите клиенти. Кариера во Кнауф значи интересни и динамични работни места на локално и меѓународно ниво. Со 250 производствени капацитети и продажни мрежи во над 86 држави, како и 35,000 вработени ширум светот, групацијата Кнауф е без сомнение глобален лидер на пазарите во Европа, САД, Јужна Америка, Русија, Азија, Африка и Австралија.  

 

Ви нудиме можност за вработување како Царински Специјалист во Кнауф Скопје 

Oдговорности и работни задачи: 

-Одговорен е за прием и проверка на точноста на документацијата потребна за изработка на документите за увозни и извозни постапки; 

-Одговорен е за подготовка, изработка и процесирање на сите потребни документи за увозни и извозни (редовни и поедноставени) постапки и нивно раздолжување во шпедитерскиот софтвер (Каспер) 

-Одговорен е за електронско поднесување на барањата за дозволи за увоз и извоз и добивање на потребните одобренија и дозволи за увоз и извоз; 

-Одговорен е за одредување на соодветните тарифни броеви при изработка на царински декларации; 

-Одговорен е за претставување на Друштвото во постапката за физички преглед на стоката од страна на Царинската управа; 

-Одговорен е за следење и применување на законските и подзаконските прописи, како и прописите на Друштвото од областа на шпедитерското и царинското работење.  

 

Потребни квалификации и вештини: 

-Лиценца за вршење на застапување во царинските постапки;  

-Солидно познавање на царинските закони и регулативи; 

-Одлично познавање на SOCDAD и EXIM; 

-Солидно познавање на MS Office пакет; 

-Искуство во работа со КАСПЕР софтвер; 

-Напредно познавање на англиски јазик (познавање на германски јазик ќе се смета за предност); 

-Возачка дозвола од Б категорија; 

-Одлични комуникациски вештини и способност за работа во тим; 

-Подготвеност за работа под временски притисок; 

-Способност и желба за учење и развивање.  

 

Услови од компанијата: 

-Компетитивна плата; 

-Динамична работа во брзо растечка, глобална компанија; 

-Пријателска работна атмосфера; 

-Работа со тим од професионалци и индивидуалци кои веруваат во интегритет, тимска работа и 

отворена комуникација; 

-Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа 

 

Доколку сакате да работите во меѓународна компанија со можности за личен и професионален развој, Ве повикуваме да ја испратите Вашата професионална биографија (CV и мотивационо писмо) најдоцна до 07.08.2021 на aleksandra.gruevska@knauf.com. Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.