(Неактивен) - ФИЗИОТЕРАПЕВТКА / МАСЕРКА / КОЗМЕТИЧАРКА
- Убавина и здравје
- Скопје
- Карпино
- 24-08-2021
Детали за огласот
ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПРЕДИЗВИКОТ?
Во КАРПИНО Вие ќе ја продолжите Вашата кариера на физиотерапевтка, масерка, козметичарка и ќе станете дел од тим и компанија која поставува нови стандарди во областа на услугите за нега, релаксација, здравје и убавина во Македонија и пошироко.
Вие ќе бидете одговорни за контакт со клиенти и вршење на услуги на масажа, физиотерапија, козметика, нега на телото и лицето. Kако дел од Вашата успешна кариера, Вие исто така ќе придонесете во иновации и развојот на компанијата преку дизајн и имплементација на нови услуги по најновите светски трендови. За оние со поголеми аспирации и искуство нудиме можности за менаџерска позиција или развој во истата преку кариерен развој.
ШТО БАРАМЕ ВО НАШИТЕ ИДНИ КОЛЕГИ?
- Ентузијазам да се стане дел од млад, посветен и високо ефективен тим на физиотерапевти / масери / козметичари- Повеќегодишно искуство во областа на услугите на масажа, физиотерапија, нега на телото, лицето и козметички услуги- Високо образование во областа на физиотерапија- Одлично познавање на англискиот јазик- Познавање на работа со компјутери (емаил, офис) и фискални уреди- Познавање на работа со социјални мрежи- Одлични комуникативни способности и беспрекорност во работата со клиенти- Позитивен дух, посветеност на работата и способност за работа во тим
ШТО ВИ НУДИМЕ?
Денес имате уникатна можност да станете дел од македонско водечко студио за масажа, физиотерапевтски и козметички услуги, и пред се, да напредувате во Вашата кариера. Нашиот тим е пријателски и посветен на професионалноста во работата каде особено внимание се придава на иновативноста во услугите. Тоа е средина каде работата на секој вработен високо се вреднува и условите за работа се одлични. КАРПИНО е ново, но веќе етаблирано студио за масажа и убавина лоцирано во срцето на Скопје, дизајнирано од врвни македонски архитекти и дизајнери и тим составен од посветени професионалци како вас. Станете дел од успешната приказна на КАРПИНО и Вашиот нов развој во кариерата. Заинтересирани?Ве молиме пратете го Вашето резиме, заедно со опис на Вашата заинтересираност за позицијата на нашата емаил адреса admin@karpino.mk.
Останати огласи од ист регион
-
ЛОВЕЦ
- Шумарство
- Скопски
- АДА ПЕТРА ДООЕЛ
- 20-08-2026
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН
-
КОМЕРЦИЈАЛИСТ-АДМИНИСТРАТОР
- Продажба и трговија
- Скопје
- ПАПИРОТИ ГРУП
- 25-07-2026
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН
-
СТРАТЕГ ЗА SEO И AI ПРЕБАРУВАЊЕ
- Информатика
- Скопје
- Инфинум
- 25-07-2026
- НОВ БЕСПЛАТЕН
-
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА НА ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА
- Продажба и трговија
- Скопје
- МЕДИКАПРО ДООЕЛ Скопје
- 25-07-2026
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН
-
АДМИНИСТРАТИВЕН РЕФЕРЕНТ
- Графичка
- Скопје
- Скрин принт ДОО
- 26-07-2026
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН
-
КЕЛНЕР/КА
- Угостителство
- Скопски
- ПРОМЕТ СТЕЕЛ ХОЛДИНГ
- 20-08-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН


