Детали за огласот

  • Би-МЕК ДООСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни местанема информација
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.bimek.com.mk
  • Код на огласотTGOOHLI

(Неактивен) - MEDICAL SALES REPRESENTATIVE

Детали за огласот

Би-МЕК ДОО,  компанија за здравствени технологии, е авторизиран  дистрибутер за реномирани производители на медицинска опрема: Philips, Pentax Medical, Varian, BD Alaris, Trumpf Medical, Hologic, Medela, Schiller и други. 

Ако имате искуство во здравствениот сектор и Вашите предности вклучуваат одлични организациски  и продажни вештини, вие сте потенцијалот за проширување на брзорастечкиот продажен тим во Би-МЕК . Во потрага сме на мотивирани личности кои би имале одговорности како :                                                                           

Медицински претставник за продажба (Medical Sales representative)  

Потребни квалификации: 

Завршено високо образование: електро инженер, доктор, фармацевт, стоматолог, биолог , биотехнолог;  Работно искуство како медицински претставник или слично искуство со медицинска опрема ќе се смета за предност;  Силни продажни и комуникациски вештини;  Способност за тимска работа и работа со рокови;  Проактивни, креативни, динамични, амбициозни ;  Подготвеност за работа на терен на територијата на Р. Македонија;  Валидна возачка дозвола;  Одлично познавање на англиски јазик (говорна и пишана форма) ;  Компјутерска писменост (MS Office, Windows) ; 

 

Опис на работни задачи:  

Подготовка на план и стратегија за зголемување на продажбата на медицинска опрема;  Работа со клиенти, продажба на медицинска опрема;  Менаџирање на клиенти (изработка на понуди, изработка на фактури, следење на наплата и сл.)  Комуникација и преговори со производители на медицинска опрема   Идентификува можности и предлага активности за развој на продажбата  Секојдневна посета и остварување контакти со здравствени работници со цел промоција и презентација на медицинските брендови кои компанијата ги застапува 

 

Еден од главните приоритети на Би-МЕК е определбата да се има високо квалификуван и високомотивиран тим и пријатна и продуктивна атмосфера каде секој е одговорен за своите должности со цел да ги задоволи потребите на клиентите и политиката  на компанијата. Би-МЕК, континуирано инвестира во едукација и обука на својот тим преку организирање на разни работилници и тренинг сесии насочени кон континуирано подобрување. 

Ако сметате дека: 

Вие сте тимски играч со искуство во здравствениот сектор  Сакате работа во динамична средина  Поседувате организациски, продажни и преговарачки способности

Тогаш сте личноста за оваа работна позиција! Со приклучување кон нашиот брзо растечки и просперитетен тим, ќе имате одлична можност за понатамошен личен раст и развој на кариерата. 

Ние нудиме можност да работиме на меѓународни проекти и да бидеме дел на меѓународни тимови со можности за обука, конкурентна плата и флексибилно работно време. 

Заинтересираните потребно е да достават резиме (CV), понова фотографија, фотокопија од диплома или уверение и препораки(доколку имате)  најдоцна до 03.08.2021, на следната е-маил адреса:  medical@bimek.com.mk    со назнака на позицијата  

НАПОМЕНА:

САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани и сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост.