Детали за огласот

  • Profil Group MAKМакедонија
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањенема информација
  • Број на работни местанема информација
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаhttps://profil-group.com.mk/
  • Код на огласотTGOOHIJ

(Неактивен) - ПСИХОЛОГ/ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Детали за огласот

Profil Group е една од најголемите групи на компании за човечки ресурси и менаџмент консалтинг во ЈИЕ, со повеќе од 30 години акумулирано искуство во областа на барање и селекција на луѓе и на менаџмент консултантски услуги. Нашите висококвалитетни услуги се препознаени од повеќе мултинационални, регионални и локални компании.

Со оглед на тоа што, пост-ковид, потребите на нашите клиенти во делот на развој и управување на луѓе се зголемува, имаме потреба од млади и амбициозни кандидати/ки кои се подготвени за нов чекор во својата кариера. Очекуваме да не искомуницираат само исклучително мотивирани и посветени млади професионалци кои, меѓу другото, имаат:

·        Високо образование од областа на општествените науки (преферирано дипломиран психолог или иден психолог во последната година од студиите)

·        Одлични комуникациски способности

·        Високо ниво на организираност и самоиницијативност

·        Аналитички способности

·        Брзина и ефикасност во работењето

·        Отвореност и способност за брзо учење и прилагодување

 

Најсоодветните и најпосветените апликанти кои ќе бидат селектирани ќе имаат можност да:

Бидат воведени во работењето на компанијата преку менторска работа Ја следат работата на тимот

·        Бидат вклучени во динамиката на проектите (и да не се досадуваат)

·        Добиваат редовен фидбек за своето работење

·       Учат од експерти и учествуваат во најголемите локални и регионални проекти во областа на ЧР со најразлични консултантски услуги: хедхантинг на топ менаџерски позиции различни видови на проценки на луѓе (360, Balance Score Card)  персонални тестирања асесмент центри  истражувања на задоволство на вработени  организациска клима и култура најсложени процеси и проекти на менаџмент на промени

Сите кои се препознаваат во описот и ги имаат соодветните квалификации и лични карактеристики, а се подготвени и мотивирани да се придружат на нашата компанија и да стекнат валидни, практични и корисни знаења во областа на ЧР, очекуваме да го испратат своето CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: info@profil-group.com.mk

 

*Јавувањето и контактирањето директно или индиректно во компанијата или со вработените или пријателите на Профил Груп ќе се смета за суштинско прекршување на процесот на аплицирање и регрутација и ќе ве дисквалификува од истиот.