Детали за огласот

  • Самеримпекс ИмпулсиШтип
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни места2
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб страна
  • Код на огласотTGOOFNL

(Неактивен) - МАШИНСКИ/ЕЛЕКТРО ТЕХНИЧАРИ/ИНЖЕНЕРИ

Детали за огласот

Електротехничар  (Штип)

 

ИМАКО ВИНО објавува оглас за работна позиција оперативен електротехничар во винарската визба со седиште во Штип.

Бараме лица кои имаат ВKВ (ССС и ВСС) – електротехничар, познавање од нисконапонска индустриска електрика и електро системи и работно искуство од минимум 3-5 години (искуство во производствени индустриски капацитети ќе се смета за предност). Исто така препорачливо е кандидатот да има возачка дозвола – Б категорија.  Значајно за нас е кандидатот да е тимски играч и да има изразени самоиницијативност, енергичност и посветеност кон работата кои се значајни вредности за нашата компанија.

Одговорности:

·        Инсталирање, одржување и поправки во делот на електриката за:

o   електрични инсталации и уреди

o   индустриски командни ормари на производните машини

o   инсталација на нови машини

o   апарати и инструменти во лабораторија

o   дефектажа и отстранување на електрични проблеми кај автоматизирани машини во процес

o   дефектажа, контрола и замена на мерни индустриски инструменти

o   поставување на нови електрични инсталации, поврзување и ожичување на електро - ормари

·        Одржување на компјутерски системи и мрежи

·        Тековно и превентивно одржување на индустриски машини

 

Вашите пријави доставете ги најдоцна до петок 16  јули 2021 година на impulsi@impulsi.com.mk

 

Машински техничар (Штип)

 

ИМАКО ВИНО објавува оглас за работна позиција оперативен машински техничар во винарската визба со седиште во Штип.

Бараме квалификувани или висококвалификувани кандидати од машинска струка, со работно искуство од минимум 3-5 години (искуство во производствени индустриски капацитети ќе се смета за предност), кои поседуваат возачка дозвола – Б категорија. Потребно е да работи со рачен и електричен алат. Лиценца за заварувач ќе се смета за предност.

Значајно за нас е кандидатот да е тимски играч и да има изразени самоиницијативност, енергичност и посветеност кон работата кои се значајни вредности за нашата компанија.

Одговорности:

·        Инсталирање, одржување и поправки на машинскиот парк:

o   дефектажа, отклонување на причина и решавање на дефект кај машините

o   сервисирање и промена на делови

o   инсталација на нови машини

o   редовен сервис, подмачкување и замена на делови на машини и уреди во сите делови од производството

·        Тековно и превентивно одржување на индустриски машини

 

Вашите пријави доставете ги најдоцна до петок 16 јули 2021 година на impulsi@impulsi.com.mk