(Неактивен) - ДИПЛОМИРАН ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР
Детали за огласот
РЖ УСЛУГИ АД Скопје ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.
РЖ УСЛУГИ АД Скопје поради проширување на својата дејност објавува оглас за вработување на
1. Дипломиран Електро Инженер
Инженерот учествува во работата на постројките, електро одржување на индустриски машини, моторни погони, трансформаторски станици, релејна заштита и е одговорен за одредена фаза од одвивањето на технолошкиот процес. Преку дефинирани задачи, инженерот ќе придонесува за оптимално функционирање на процесот, добивање на квалитетен производ и максимално искористување на капацитетите, организирање на човечките ресурси, а сето тоа со максимално ангажирање за безбедно извршување на задачите,како и со грижа за заштита на животната средина.Учествува во следење на работата на одделните постројки преку процесните параметри и на лице место, изработка на извештаи,решава специфични проблеми.
Работата се извршува од 08:00 до 16:00 часот.
Квалификации на кандидатите:
· Дипломиран инженер ВСС VII степен (240 кредити), електротехнички факултет
· Со или без работно искуство
· Возачка Дозвола Б категорија
· Одлично познавање на MS Office, CAD софтвер и други пакети индустриски софтвер
Конкурентски предности за сите работни позиции:
· Желба за работа во средина со високи барања
· Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности
· Динамичност, ефективност и ефикасност
· Флексибилност и адаптибилност
· Посветеност, мотивираност, иницијативност
· Тимска работа и кооперативност
· Решавање на проблеми
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
· Мотивациско писмо
· Биографија (CV)
· Доказ за завршено образование
Огласот трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е со полно работно време (40 часа неделно), на определено време од 12 (дванаест) месеци, со можност за продолжување на неодредено време.
Аплицирањето се врши со испраќање на потребните документи на следната е-маил адреса contact@rzu.com.mk ,
со назнака “ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – Позиција за која се конкурира “
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.
Краен рок за пријавување: 11.07.2021
Останати огласи од ист регион
-
КОМЕРЦИЈАЛИСТ СО ТЕХНИЧКО ПОЗНАВАЊЕ
- Градежништво и Архит...
- Скопје
- Доорс Импекс ДООЕЛ
- 20-11-2025
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН
-
АДМИНИСТРАТИВНО-ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ
- Градежништво и Архит...
- Скопје
- БИСИ- ДООЕЛ
- 06-12-2025
- 0 ПРЕМИУМ
-
ЛОЖАЧ НА ПАРЕН КОТЕЛ
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 21-11-2025
- 1 ПРЕМИУМ
-
БРАВАР
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 21-11-2025
- 1 ПРЕМИУМ
-
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА НА ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА
- Продажба и трговија
- Скопје
- МЕДИКАПРО ДООЕЛ Скопје
- 19-11-2025
- 0 БЕСПЛАТЕН


