Детали за огласот

  • САМЕРИМПЕКС ИМПУЛСИ ДОО СкопјеМакедонија
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.impulsi.com.mk
  • Код на огласотTGONGMO

(Неактивен) - СОРАБОТНИК ЗА ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ

Детали за огласот

АКРОН СТАКЛО, иновативна и динамична компанија за производство на гранулат од рециклирано стакло, објавува ОГЛАС за вработување на следната позиција:

 СОРАБОТНИК ЗА МАРКЕТИНГ И ПРОДАЖБА

КЛУЧНИ БАРАЊА ЗА ПОЗИЦИЈАТА

·         Високо образование (предност се смета факултет од техниките науки и/или економија)

·         Работно искуство на слична позиција од најмалку 2 години

·         Одлично познавање и користење пишан и говорен англиски јазик

·         Одлично познавање на МS Office – работа со МS Excel на напредно ниво

·         Познавање на техники на продажба, креирање бази на клиенти, водење на продажен процес

·         Високо самомотивирана личност за развој, истражување на пазарни можности и градење релации со сите чинители во процесот на работа

·         Упорност и способност за градење личен авторитет и интегритет, особено во комуникација со клучни чинители важни за компанијата (клиенти, институции, добавувачи и сл)

·         Практикување флексибилен пристап во комбинирањето на извршувањето на задачите и способност за роценка на приоритети

·         Посветеност на континуиран развој и постојано учење

·         Подготвеност за работа на терен и во индустрија која подразбира директен контакт со производните капацитети на компанијата

 КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ

·         Истражување на опции за разни нивоа на продажни канали за различни производи на компанијата

·         Истражување и воспоставување првична комуникација со големи европски и светски дистрибутивни куќи и други продажни канали кои работат со продуктите на компанијата

·         Соработка со маркетинг агенцијата за реализација на маркетинг активности и пласирање содржини на веб страната на компанијата

·         Пласман кај увозници на опрема кои користат гранулати од стакло како репроматеријал

·         Разработка на системот на онлајн - интернет продажба

·         Детално познавање на сите производи на компанијата и предлагање нови производи и пакувања, во зависност од барањата на клиентите/пазарот

·         Координација со одделот за производство и магацинот за навремена и точна испорака на производите до клиентите

·         Изработка на анализи на конкуренција преку интернет истражување на европски и светки производители во дејности исти или блиски на компанијата – продукти и цени кои тие ги произведуваат – предлагање ценовна политика врз основа на пазарните цени

·         Посета на настани и саеми со цел истражување можности за развој на бизнисот и остварување контакти со потенцијални клиенти

·         Изготвување фактури, испратници и извозни документи

·         Координација со шпедитери и превозници за извоз на производи и увоз на репроматеријали од странство

·         Следење на состојбата со наплата

 

 ПРИДОБИВКИ

·         Работа во динамична компанија која е во брз развој, можност да се искажат свои идеи за креирање поголеми резултати

·         Можност за работа под менторство на високиот менаџмент на компанијата, со цел личен развој и брзо превземање на одоговорностите, за напредување и реализација на компаниските цели

 

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТЕ?

Пријавете се со своја професионална биографија – CV и мотивациско писмо (објаснете на кратко што

Ве привлече да се пријавите), најдоцна до 07.06.2021 на impulsi@impulsi.com.mk