
(Неактивен) - СОРАБОТНИК ЗА ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ
- Маркетинг
- Македонија
- САМЕРИМПЕКС ИМПУЛСИ ДОО Скопје
- 07-06-2021
Детали за огласот
АКРОН СТАКЛО, иновативна и динамична компанија за производство на гранулат од рециклирано стакло, објавува ОГЛАС за вработување на следната позиција:
СОРАБОТНИК ЗА МАРКЕТИНГ И ПРОДАЖБА
КЛУЧНИ БАРАЊА ЗА ПОЗИЦИЈАТА
· Високо образование (предност се смета факултет од техниките науки и/или економија)
· Работно искуство на слична позиција од најмалку 2 години
· Одлично познавање и користење пишан и говорен англиски јазик
· Одлично познавање на МS Office – работа со МS Excel на напредно ниво
· Познавање на техники на продажба, креирање бази на клиенти, водење на продажен процес
· Високо самомотивирана личност за развој, истражување на пазарни можности и градење релации со сите чинители во процесот на работа
· Упорност и способност за градење личен авторитет и интегритет, особено во комуникација со клучни чинители важни за компанијата (клиенти, институции, добавувачи и сл)
· Практикување флексибилен пристап во комбинирањето на извршувањето на задачите и способност за роценка на приоритети
· Посветеност на континуиран развој и постојано учење
· Подготвеност за работа на терен и во индустрија која подразбира директен контакт со производните капацитети на компанијата
КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ
· Истражување на опции за разни нивоа на продажни канали за различни производи на компанијата
· Истражување и воспоставување првична комуникација со големи европски и светски дистрибутивни куќи и други продажни канали кои работат со продуктите на компанијата
· Соработка со маркетинг агенцијата за реализација на маркетинг активности и пласирање содржини на веб страната на компанијата
· Пласман кај увозници на опрема кои користат гранулати од стакло како репроматеријал
· Разработка на системот на онлајн - интернет продажба
· Детално познавање на сите производи на компанијата и предлагање нови производи и пакувања, во зависност од барањата на клиентите/пазарот
· Координација со одделот за производство и магацинот за навремена и точна испорака на производите до клиентите
· Изработка на анализи на конкуренција преку интернет истражување на европски и светки производители во дејности исти или блиски на компанијата – продукти и цени кои тие ги произведуваат – предлагање ценовна политика врз основа на пазарните цени
· Посета на настани и саеми со цел истражување можности за развој на бизнисот и остварување контакти со потенцијални клиенти
· Изготвување фактури, испратници и извозни документи
· Координација со шпедитери и превозници за извоз на производи и увоз на репроматеријали од странство
· Следење на состојбата со наплата
ПРИДОБИВКИ
· Работа во динамична компанија која е во брз развој, можност да се искажат свои идеи за креирање поголеми резултати
· Можност за работа под менторство на високиот менаџмент на компанијата, со цел личен развој и брзо превземање на одоговорностите, за напредување и реализација на компаниските цели
ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТЕ?
Пријавете се со своја професионална биографија – CV и мотивациско писмо (објаснете на кратко што
Ве привлече да се пријавите), најдоцна до 07.06.2021 на impulsi@impulsi.com.mk