
(Неактивен) - АНКЕТАРИ
- Истражување
- Македонија
- AГЕНЦИЈА РЕЈТИНГ СП-М
- 01-06-2021
Детали за огласот
ОГЛАС ЗА АНКЕТАРИ
Агенцијата за истражување на пазарот и јавното мислење Рејтинг има потреба од анкетари кои би биле хонорарно ангажирани за спроведување на теренски анкети на територија на Р.Македонија
Теренските истражувања вклучуваат анкетирање на граѓани, лице во лице, во нивните домови.
Работата е погодна за личности кои сакаат да се во движење, динамични и со одлични комуникациски вештини.
Претходно искуство со спроведување интервјуа или друг вид теренска работа со анкети е добредојдено, но не е задолжително. Селектираните кандидати ќе добијат обука од страна на агенцијата.
Кандидатите треба да имаат сериозен и одговорен пристап кон работата и да се стремат да ги запазат зададените рокови и упатства.
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:
Ø Завршено средно или високо образование
Ø Основно познавање на (MS Windows XP,MS Word,Internet,MS Excel)
Ø Добри комуникациски вештини
Ø Флексибилно работно време
Потребни документи за аплицирање: CV (работна биографија)
Сите заинтересирани кандидати можат да ги достават документите по електронски пат на е-mail: jobs@rating.mk