Детали за огласот

(Неактивен) - ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ

Детали за огласот

За потребите на нашата компанија, ТИБРО ЛАБС ја огласува следната позиција:

 

ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ

 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

-Изведување на секретарска работа;

-Комуницирање со клиентите и деловните партнери;

-Управување и организација на канцелариско работење;

-Организација, планирање, водење на состаноци и пишување на записници;,

-Подготовка на извештаи со различна намена согласно потребите;

-Останати работи по налог на претпоставените и друга административна работа.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

-Завршено високо образование од областа на англиски јазик и книжевност ИЛИ завршено високо образование од друга област со соодветен сертификат за познавање на англиски јазик (FCE - First Certificate in English);

-Одлично и активно познавање на англиски јазик;

-Претходно работно искуство во областа на секретарска работа најмалку 1 година;

-Претходно искуство на работа со проекти поддржувани од ЕУ или Светската банка ќе се смета за предност;

-Употреба на соодветни информациони технологии.

 

 

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:

-Проактивност, организираност, систематичност и ориентираност кон оставарување резулати;

-Одговорно следење на компаниските правила и процедури;

-Професионалност, одговорност и лојалност;

-Организациски и комуникациски способности.

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

*Договорот за вработување е на 6 месеци определено, со можност за да се продолжи.

Работното време е 40 работни часови неделни, односно 5 работни дена по 8 часа (08:00-16:00). Работењето се реализира исклучително со физичко присуство.

 

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови и се заинтересирани, своите професионални биографии можат да ги испратат на: contact@tibrolabs.com со ознака:  АПЛИКАЦИЈА ЗА ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ

 

Крајниот рок за аплицирање е: 18/05/2019 23:59

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, ќе бидат контактирани.