(Неактивен) - МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР
- Производство
- Скопје
- Озон дооел
- 13-04-2021
Детали за огласот
Озон е фирма за за трговија, проектирање, изведување и производство на опрема за климатизација, вентилација и други производи согасно со највисоки стандарди за квалитет, безбедност и здравје.
Озон ги охрабрува сите кандидати независно од полот и возраста да аплицираат за вработување на бараната позиција.
Огласуваме слободно работно место на позицијата:
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР - ТЕРМИЧКО ИНЖЕНЕРСТВО
Озон има потреба од машински инженер по термичко инженерство, кој ќе му се придружи на нашиот тим за работа во Скопје.
Кандидатот ќе биде одговорен за проектирање и изведба на машински инсталации поврзани со системите за климатизација, ладење, греење и вентилација.
Потребни познавања:
Машинските инженери проектираат машински инсталации, вршат организација, водење на изведба на машински инсталации и водат детална документација за сработеното. Спроведуваат истражувања и даваат советнички услуги, проучуваат механичко -технолошки карактеристики на одделни материјали, производи и процеси.
Задачите вклучуваат:
а) проектирање машински инсталации и работа на компјутер;
б) организирање и раководење при изведба на системи за климатизација, греење, ладење и вентилација;
в) воспоставување на стандарди и постапки за контрола на ефикасно изведување на машински проекти, опрема или системи, како и надгледување во текот на нивната изведба;
г) одржување на техничка соработка и консултации со други релевантни стручњаци;
д) изработка на соодветна документација и пишување на извештаи;
ѓ) вршење на сродни работи;
е) надзор на останатите работници и координирање на активности при изведба.
- Кандидатот е пожелно да поседува претходно работно искуство Овластување А или Б за изведба.
- Кандидатот треба да има желба за стекнување со нови знаења.
- Завршено Високо образование - машински инженер
- Познавање англиски јазик
- Одлично познавање на програми за 2Д цртање
- Познавање на основни програми за работа на компјутер
Доколку сте заинтересирани испратете ги вашата биографија и писмо за мотивација на Македонски јазик на адреса: vrabotuvanje@ozon.com.mk
Документите пратете ги како пдф документ со назнака и наслов за која работна позиција аплицирате, во спротивно Вашата апликација можеби нема да биде разгледана
Останати огласи од ист регион
-
КОМЕРЦИЈАЛИСТ СО ТЕХНИЧКО ПОЗНАВАЊЕ
- Градежништво и Архит...
- Скопје
- Доорс Импекс ДООЕЛ
- 20-11-2025
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА НА ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА
- Продажба и трговија
- Скопје
- МЕДИКАПРО ДООЕЛ Скопје
- 19-11-2025
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
ЛОЖАЧ НА ПАРЕН КОТЕЛ
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 21-11-2025
- 1 ПРЕМИУМ
-
ОПШТ РАБОТНИК/ ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 02-12-2025
- 0 НОВ ПРЕМИУМ
-
ТРАНАСПОРТЕН РАБОТНИК ВО МАГАЦИНИ
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 03-12-2025
- 0 НОВ ПРЕМИУМ
-
БРАВАР
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 21-11-2025
- 1 ПРЕМИУМ


