Детали за огласот

(Неактивен) - ЕЛЕКТРО ИНСТАЛАТЕР МОНТЕР БЕЗБЕДНОСНИ СИСТЕМИ

Детали за огласот

АЛЕКС СИСТЕМИ ДООЕЛ е компанија која се занимава со проектирање и изведба на безбедносни системи (видео надзор, алармни системи против провала и кражба, системи за контрола на пристап, евиденција на работно време, хотелски системи, видеодомофонија, периметарска заштита, компјутерски мрежи) и е фирма која бележи постојан подем. АЛЕКС СИСТЕМИ ДООЕЛ е Лиценцирана Фирма за Техничко Обезбедување.

 

Поради проширување на својот тим и задоволување на потребите на своите коминтенти, АЛЕКС СИСТЕМИ објавува оглас за вработување за следнава работна позиција:

ЕЛЕКТРО ИНСТАЛАТЕР МОНТЕР ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА И ОДРЖУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСНИ СИСТЕМИ - СО РАБОТНО ИСКУСТВО

Потребни квалификации:

Завршено најмалку средно образование; Познавање на алармни системи, видео надзор, контрола на пристап и друга безбедносна опрема  Задолжителна возачка дозвола Б категорија; Познавање на англиски јазик (говорење и пишување) ќе се смета за предност;

Личен профил:

Одговорен, позитивен став, самоиницијативен, мотивиран и лојален ; Способност за индивидуална и тимска работа, како и работа под притисок; Професионален однос кон работата;

Компанијата нуди:

Редовни месечни примања (загарантирана плата која ќе биде во постојан раст, бонуси, навремена исплата на плата); Загарантирана работа со долгорочни планови и договори; Динамична работна средина; Постојани обуки, тренинг и можност за напредок во кариерата;

Ако во горенаведеното работно место препознавате предизвик за својата кариера и ги исполнувате бараните услови, Ве молиме испратете ја вашата биографија на следниот e-mail: kariera@aleks-sistemi.mk