(Неактивен) - СЕРВИСЕР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЛАБОРАТОРИСКИ ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМ И МЕДИЦИНСКИ ИНСТРУМЕНТИ
Детали за огласот
ФАРМАХЕМ СЕРВИС - СКОПЈЕ
има потреба од:
Сервисер за одржување на Лабораториски Информациски Систем и медицински инструменти
Барања за позицијата:
· образование: ФЕИТ, ФИНКИ, дипломиран ел. инженер или студент при крај на студии кој има желба да напредува во македонска компанија;
· одлично познавање на работа со компјутери, хардвер и компјутерски мрежи;
· одлично познавање на англиски јазик (пишување и зборување);
· предност ќе имаат кандидати со препораки од претходно работно искуство, особено со инсталирање и конфигурирање софтвер, вмрежување;
· желба за учење нови работи, логика и аналитичност во размислувањето, висока организираност и прецизност, способност за извршување повеќе работни задачи истовремено, приспособување на нови и различни задачи, одговорност, мотивираност, комуникациски вештини;
· тимска работа со колегите;
· поседување на Б возачка дозвола и активно возење.
Работни задачи:
Сервисерот ќе ги има следниве задачи:
1. инсталирање и конфигурирање на Лабораториски Информациски Систем, за кој претходно треба да се инсталира потребен хардвер и да се конфигурира мрежа (доколку корисниците тоа не го направат сами);
2. инсталирање, конфигурирање и одржување на интегрални решенија за мониторинг на температура, влага и други параметри;
3. работа во просториите на Фармахем Сервис, како и посетa на клиентите од биохемиските лаборатории заради одржување и сервисирање на инструменти од областа на медицината (хематолошки бројачи, биохемиски анализатори, имунолошки анализатори, гасни анализатори).
Приоритет имаат првите 2 наведени задачи.
Позицијата е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.
Нудиме:
ü атрактивна и динамична работа;
ü можност за надградба на професионален план;
ü одлични услови за работа;
ü можност за брзо напредување во кариерата.
Позицијата е со седиште во Скопје.
Работно време од 08:00–16:00 h (понеделник–петок).
Доколку ги исполнувате горенаведените услови и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете ја Вашата биографија на farmahem@farmahem.com.mk најдоцна до 18.12.2018. Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју и проверка на знаењата.
Останати огласи од ист регион
-
МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА ВРАБОТУВА 4 СЛУЖБЕНИЦИ
- нема информација
- нема информација
- нема информација
- 07-05-2024
- 1 БЕСПЛАТЕН
-
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
- нема информација
- нема информација
- нема информација
- 07-05-2024
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО НУ ОРКЕСТАР ЗА ЏЕЗ МУЗИКА
- нема информација
- нема информација
- нема информација
- 07-05-2024
- 1 БЕСПЛАТЕН
-
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АГЕНЦИЈА ЗА СТОКОВНИ РЕЗЕРВИ
- нема информација
- нема информација
- нема информација
- 07-05-2024
- 5 БЕСПЛАТЕН