Вработи.се ...Најбрзо и најлесно!
  • дома
  • за нас
  • блог
  • mk
    • МК
    • EN
  • внеси оглас
  • најави се
    • работодавач
    • работобарател

  • 5 НОВИ ОГЛАСИ
  • 178 АКТИВНИ ОГЛАСИ
  • 4981 КОМПАНИИ
  • 46193 ИСПРАТЕНИ АПЛИКАЦИИ
  • 210073 ОБЈАВЕНИ ОГЛАСИ
  • 16-05-2023

6 Начини како да ја зголемите својата самодоверба пред интервју за работа

Испотени дланки, забрзано срце, растреперен глас, негативни мисли... Звучи познато? 

Ова се само некои од многуте симптоми на анксиозност кои луѓето ги доживуваат пред и за време на интервјуто за работа.

Без оглед на вашето досегашно работно искуство, веројатно сите вие можете да се сетите на ситуација кога сте се чувствувале анксиозно и вознемирено пред интервју за работа.

Понекогаш, можете брзо да ги пренасочите мислите и да си ја вратиме самодовербата, но не е секогаш така лесно. Затоа е корисно да имате неколку трикови во задниот џеб кои ќе ви овозможат да се смирите, да ја вратите концентрацијата и самодовербата пред важното интервју.

 

1. Имајте за цел да се поврзете со интервјуерите, а не да ги импресионирате.

За да ја зголемите самодовербата, вашата енергија треба да е фокусирана во градење на природен и спонтан однос со вашиот интервјуер наместо во тоа да пробувате да го импресионирате.

 

2. Користете техники на дишење.

Клучно за самодовербата е чувството на опуштеност, па така вежбите за дишење пред интервјуто се корисни бидејќи тие го помагаат смирувањето на нервите. Бавното, свесно и длабоко дишење ќе го врати кислородот во вашиот мозок и ќе ви помогне да размислувате јасно.

 

3. Бидете љубезни кон себе пред интервјуто.

Пред самото интервју најважно е да зборувате со себе како со најдобар пријател и да ги отфрлите сите критички мисли што ви стојат на патот. Психолозите укажуваат на тоа дека позитивното зборување со себе пред интервјуто значително ја зголемува самодовербата.

 

4. Не брзајте.

За време на интервјуто, многу важно е да не заборавате да зборувате бавно, бидејќи многу често имаме тенденција да брзаме кога сме нервозни или под стрес. Па така понекогаш оставањето паузи во речениците ќе ви помогне подобро да го размислите одговорот и да ја контролирате ситуацијата во која се наоѓате.

 

5. Замислете дека успевате.

Претставувањето дека сте успешни на претстојното интервју за работа ќе ви даде поттик за зголемување на вашата самодоверба. Пред да влезете, започнете да визуелизирате успешно интервју: замислете како одите до собата, како се чувствувате опуштено и како одговарате на прашањата со целосна сигурност.

 

6. Прифатете ја вашата анксиозност.

Одлична техника за самодоверба е да се „дружите“ со вашата анксиозност. Пред интервјуто, помислете и обратете и се во себе: „Ти благодарам многу што си тука. Знам дека сакаш да ме заштитиш и те признавам целосно“. Тоа е всушност одлична техника да се насмеете на анксиозноста, наместо да се обидувате да ја потиснете или совладате со позитивно размислување.

 

По завршување на интервјуто, избегнувајте да преразмислувате за тоа што сте можеле да кажете подобро. Честитајте си што сте успеале да ги совладате сите симптоми и што сте ја искористиле оваа шанса. Направете неколку активности во кои уживате, без разлика дали станува збор за прошетка во парк, читање на книга, средба со пријателите.

Статии
Како да побарате поголема плата без да ви биде непријатно
  • 19-03-2026
Работни места што AI први ќе ги замени во следните години
  • 02-03-2026
Зошто добрите работници денес најбрзо даваат отказ
  • 21-10-2025
„Дадов отказ без нова работа“ – Сè повеќе млади го прават ова
  • 17-09-2025
Најчести визуелни грешки во CV-то што ве чинат интервју
  • 14-08-2025
Категории
  • Интервјуа
  • Совети
  • Колумни
  • Новости
  • Разно
Топ омилени огласи
  • ВОЗАЧ
  • СОБАР/KA
  • ПРОДАВАЧ
  • ПРОДАВАЧ
  • ВОЗАЧ
  • МЕДИЦИНСКА СЕСТРА
  • МЕДИЦИНСКИ ПЕРСОНАЛ
  • NURSE
  • ПРОДАВАЧ
  • АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА
  • АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ
  • ИНЖЕНЕР – ТЕХНОЛОГ ВО ПРОИЗВОДСТВО
  • ОПЕРАТОР
  • ВОЗАЧ
  • ОПШТИ РАБОТНИЦИ
Најактивни индустрии
  • Продажба и трговија (24)
  • Разни области (21)
  • Угостителство (17)
  • Прехранбена (16)
  • Информатика (12)
  • Текстилна (10)
  • Производство (8)
  • Градежништво и Архитектур... (7)
  • Електроника и Телекомуник... (5)
  • Хотелиерство (5)
  • Туризам (5)
  • Графичка (5)
  • Шпедиција и транспорт (5)
  • Медицина и здравство (5)
  • Дистрибуција и Логистика (4)
  • Администрација (3)
  • Дрвна (3)
  • Стоматологија (2)
  • Право (2)
  • Осигурување (2)
Најчитани огласи
  • ОГЛAС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО БРИТАНСКА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ
  • АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК
  • ВОЗАЧ
  • АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ
  • ОПШТ РАБОТНИК
  • МЕДИЦИНСКИ ПЕРСОНАЛ
  • ПРОДАВАЧ
  • ВОЗАЧ
  • АДМИНИСТРАТОР
  • МЕДИЦИНСКА СЕСТРА
  • ОПШТИ РАБОТНИЦИ
  • ВОЗАЧ
  • ТЕЛЕФОНИСТ
  • МАГАЦИОНЕР
Најактивни региони
  • Скопје (107)
  • нема информација (28)
  • Битола (20)
  • Охрид (5)
  • Штип (4)
  • Македонија (3)
  • Струга (3)
  • Куманово (2)
  • Прилеп (2)
  • Гостивар (2)
  • Тетово (1)
  • Гевгелија (1)
Издвоени огласи

Профил на компанијата

Логирајте се за да внесете оглас и да ги уредувате веќе внесените огласи за вработување.

Логин форма

Вработи.се е платформа којашто на сите баратели на работа и нови можности за напредок во кариерата им овозможува најлесен и најбрз пристап до сите отворени позиции за вработување или пракса во компании од најразлични индустрии.

Со децениско постоење на македонскиот пазар и огромно портфолио на задоволни клиенти, Вработи.се ги поврзува компаниите чијашто цел е градење на тим од професионалци со сите кандидати заинтересирани за професионален напредок. 

Платформата Вработи.се е поддржана од компанијата Ignite Global Media.

  • Често поставувани прашања
  • Внеси оглас
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Ценовник
  • Референтна листа
  • Блог
  • За нас
  • Контакт
  • info@vraboti.se

  • Архива
2026 Вработи.се © - Сите права се задржани