Вработи.се ...Најбрзо и најлесно!
  • дома
  • за нас
  • блог
  • mk
    • МК
    • EN
  • внеси оглас
  • најави се
    • работодавач
    • работобарател

  • 1 НОВИ ОГЛАСИ
  • 86 АКТИВНИ ОГЛАСИ
  • 5016 КОМПАНИИ
  • 46646 ИСПРАТЕНИ АПЛИКАЦИИ
  • 210436 ОБЈАВЕНИ ОГЛАСИ
  • 07-10-2022

Како да побарате покачување?

Повеќето луѓе се смрзнуваат од помислата да побараат од својот шеф покачување на платата. Ако вашата компанија не ги зголемува платите на годишно ниво или не сте на ред за унапредување, барањето може да биде единствениот начин да го добиете покачувањето што знаете дека го заслужувате. Треба да разберете дека е сосема прифатливо да се побара покачување, а повеќето менаџери на компании и сопственици на бизниси сакаат да се грижат за своите вработени.

Иако процесот изгледа застрашувачки и непријатен, не мора да биде таков, особено ако ако знаете како функционира вашиот претпоставен. Ако сте подготвени со факти, ќе се чувствувате посигурни кога ќе го започнете разговорот.

Зошто сакате покачување?

Ова е клучното прашање на кое треба да одговорите. Наведете ги сите ваши причини зошто сакате покачување пред да го предложите вашето барање. Не барајте поголема плата затоа што вашата кирија се зголемила или сте фрустрирани затоа што вашиот колега не работи напорно како вас а заработува исто.

Кога го поднесувате вашето барање, вашите причини треба да се засноваат на вашите перформанси и вредноста што ја носите на тимот и на компанијата.

Колкаво покачување треба да побарате?

Процентот на покачување што ќе го побарате зависи од многу фактори. Во зависност од причините што ги наведувате за покачување на платата и должината на времето што поминало од вашето последно покачување, може да побарате покачување во опсег од 10% до 20%. Сепак, колку е поголем процентот што го барате, толку подобри треба да бидат вашите причини. На пример, сте прифатиле позиција со малку службени патувања но тоа се сменило и сега сте на пат повеќе од половина од времето, покачување од 20% е разумно бидејќи вашите должности значително се промениле.

Меѓутоа, ако барате зголемување на платата бидејќи поминало повеќе од една година од вашиот последен бонус, а вие сте продолжиле добро да ги извршувате вашите редовни должности, почнете со поразумен процент. Сè уште заслужувате покачување, но треба да го ублажите вашето барање со реалноста на вашите придонеси.

Кога е добро време да побарате покачување?

Некои велат дека никогаш нема совршено време да побарате покачување, но сепак користете здрав разум. Не барајте покачување во чувствително време, како на пример ако вашата компанија отпушта луѓе, вашиот оддел нема задоволувачки перформанс, или вашиот шеф се справува со тешка лична ситуација.

Размислете за тековните практики за зголемување на платите на вашата компанија. Ако тие обично даваат покачувања во првиот месец од годината, пријдете му на вашиот шеф во ноември или декември. На овој начин, ќе му дозволите да го разгледа вашето барање и да разговара со неговиот шеф или надреден.

Ако не постои стандардна практика за покачување, обидете се да го поднесете вашето барање во „добро“ време, како на пример кога знаете дека вашиот шеф е задоволен од вашата работа, во успешен квартал или период од годината не сте под значителен стрес. 

Како да побарате покачување од вашиот претпоставен?

Дајте си време да се подготвите за разговорот и дајте му време на вашиот претпоставен да го разгледа вашето барање.

Закажете состанок со вашиот претпоставен однапред наместо да тропнете на нивната врата и „од ведро небо“ да го изнесете вашето барање. Ова покажува дека внимавате на нивното време.

Најдобар начин да побарате покачување е да го направите вашето истражување и да ја знаете вашата вредност, а потоа да му пристапите на вашиот шеф на професионален начин. Еве пет совети за тоа како успешно да побарате покачување.

5 совети како да побарате покачување

1. Наведете ги вашите достигнувања од изминатите шест месеци, изминатата година и вашето време со компанијата.

Опишете како вашите достигнувања позитивно влијаеле на вашиот оддел и компанија како целина - и наведете конкретни бројки и статистика ако е можно. На пример, можете да кажете: „Во изминатата година, генерирав 5.000 потенцијални клиенти за компанијата, што е зголемување за 8% од претходната година. Резултирачката продажба изнесуваше 580.000 денари во нов бизнис“.

Тешко е за секој менаџер да одбие барање кога ќе му бидат претставени такви бројки. Колку се посилни податоците што ги давате, толку е поголема веројатноста да го добиете заслуженото покачување.

Покажување на напорите што сте ги вложиле и работата што сте ја завршиле за да и помогнете на компанијата, исто така покажува дека сте лојален работник. Лојалните вработени уживаат доверба од нивните работодавци, што ќе му помогне на вашиот случај.

2. Дознајте која е конкурентската плата за вашата позиција

На сајтови како Upwork ili Fiverr, можете да видите како вашата моментална плата се споредува со слични позиции во други компании. LinkedIn е исто така одличен ресурс за оваа цел. Можете или да ги прегледате објавите за работа на страницата или да ги користите сопствените просечни граници на плата на LinkedIn наведени на објавите за работа. Размислете за индустријата во која се наоѓате, големината на компанијата и вашите придобивки.

Некои компании едноставно не плаќаат добро, па затоа е најдобро да се консултирате со експерти за вработување кога е можно. Ако имате какви било врски со локални регрутери и менаџери за вработување (можеби на LinkedIn), прашајте ги дали би ја разгледале вашата биографија за да ви дадат реална цел за плата за вашата позиција и искуство.

3. Објаснете му на вашиот претпоставен кои се неговите придобивки

Имајте на ум дека вашиот претпоставен не се грижи за вашите исплати на кредити или за вашиот одмор од соништата. Вашиот претпоставен се грижи која е неговата придобивка од секоја ситуација. Веќе објаснивте што сте направиле за компанијата, но можеби е паметно  да го објасните и вашиот план за иднината. Претставете им ги вашите цели, како тие цели имаат корист за компанијата и како ќе ги постигнете.

4. Бидете самоуверени.

Бидете сигурни во себе кога барате покачување. Да, тоа е застрашувачко, но имате докази кои ве поддржуваат. Сепак подгответе се за фидбек и имајте предвид дека одговорот може да биде не. Ако ви се даде покачување, бидете подготвени да продолжите да работите напорно. Знаевте дека треба да добиете покачување - сега покажете му на вашиот претпоставен дека го заслуживте тоа.

5. Поднесете го вашето барање во писмена форма

Големи се шансите дека вашиот претпоставен има свој претпоставен со кого ќе треба да го сподели вашето барање за зголемување на платата. Обезбедете им го вашиот предлог кој го сумира вашето барање, конкурентскиот износ на плати и придобивките што компанијата ги добива од вашите напори.

Барање на покачување на плата може да биде стресно и непријатно, но ништо не губите ако пробате.

Статии
„Добра игра. Фер плеј“ – Lidl започнува кампања за вработување
  • 21-05-2026
Како да побарате поголема плата без да ви биде непријатно
  • 19-03-2026
Работни места што AI први ќе ги замени во следните години
  • 02-03-2026
Зошто добрите работници денес најбрзо даваат отказ
  • 21-10-2025
„Дадов отказ без нова работа“ – Сè повеќе млади го прават ова
  • 17-09-2025
Категории
  • Интервјуа
  • Совети
  • Колумни
  • Новости
  • Разно
Топ омилени огласи
  • DISPATCH
  • ДОКТОР/КА
  • ПАКУВАЧ
  • ТЕЛЕФОНИСТ
  • MEDICAL CONSULTANT
  • ОПШТ РАБОТНИК
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - ГЕНЕРА...
  • ПРАВНИК
  • ВОЗАЧ
  • ОПШТ МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК
  • AДМИНИСТРАТИВНО - ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ
  • МЕРЧЕНДАЈЗЕР
  • МАГАЦИОНЕР
  • ОПШТИ РАБОТНИЦИ
  • МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК
Најактивни индустрии
  • Разни области (20)
  • Продажба и трговија (17)
  • Градежништво и Архитектур... (7)
  • Угостителство (6)
  • Хотелиерство (3)
  • Образование и наука (3)
  • Медицина и здравство (3)
  • Администрација (2)
  • Сметководство (2)
  • Финансии и банкарство (2)
  • Текстилна (2)
  • Шпедиција и транспорт (2)
  • Комунална (2)
  • Информатика (2)
  • Електроника и Телекомуник... (1)
  • Право (1)
  • Дистрибуција и Логистика (1)
  • Автомобилска (1)
  • Производство (1)
  • (1)
Најчитани огласи
  • СОБАРКА
  • MEDICAL CONSULTANT
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 23 ЈАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈО...
  • ТЕЛЕФОНИСТ
  • DISPATCH
  • ОПШТИ РАБОТНИЦИ
  • AДМИНИСТРАТИВНО - ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ
  • КРЕДИТЕН РЕФЕРЕНТ 
  • РЕЦЕПЦИОНЕР
  • УГОСТИТЕЛСКИ РАБОТНИК
  • МАГАЦИОНЕР
  • ПАКУВАЧ
  • МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК
  • ПОМОШНИК СМЕТКОВОДИТЕЛ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - ГЕНЕРА...
Најактивни региони
  • Скопје (39)
  • нема информација (20)
  • Битола (9)
  • Охрид (3)
  • Штип (3)
  • Струга (3)
  • Македонија (2)
  • Струмица (1)
  • Тетово (1)
  • Гевгелија (1)
  • Кавадарци (1)
  • Куманово (1)
  • Прилеп (1)
  • Кичево (1)
Издвоени огласи
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА (ТЕТОВО)
  • Тетово
  • Лидл Северна Македон...
  • 10-09-2026
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА (КИЧЕВО)
  • Кичево
  • Лидл Северна Македон...
  • 10-09-2026
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА (КУМАНОВ...
  • Куманово
  • Лидл Северна Македон...
  • 10-09-2026
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА (ШТИП)
  • Штип
  • Лидл Северна Македон...
  • 10-09-2026

Профил на компанијата

Логирајте се за да внесете оглас и да ги уредувате веќе внесените огласи за вработување.

Логин форма

Вработи.се е платформа којашто на сите баратели на работа и нови можности за напредок во кариерата им овозможува најлесен и најбрз пристап до сите отворени позиции за вработување или пракса во компании од најразлични индустрии.

Со децениско постоење на македонскиот пазар и огромно портфолио на задоволни клиенти, Вработи.се ги поврзува компаниите чијашто цел е градење на тим од професионалци со сите кандидати заинтересирани за професионален напредок. 

Платформата Вработи.се е поддржана од компанијата Ignite Global Media.

  • Често поставувани прашања
  • Внеси оглас
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Ценовник
  • Референтна листа
  • Блог
  • За нас
  • Контакт
  • info@vraboti.se

  • Архива
2026 Вработи.се © - Сите права се задржани