(Неактивен) - ЕЛЕКТРОНИЧАР
- Медиуми
- Штип
- Радио Канал 77
- 31-08-2020
Детали за огласот
Радио Канал 77 започна со работа на 4-ти октомври 1991 година и е прво приватно национално радио во Република Македонија. Од 5-ти јануари 2015 година Радио Канал 77 има обновена девет годишна Лиценца-Дозвола за радио емитување. Радио Канал 77 е со седиште во Штип на адреса: 5-та Партиска конференција бб, во сопствен објект Мултимедијален центар Канал 77 и студио лоцирано во Скопје на адреса: Франклин Рузвелт бр.4 локал 6.
Радио Канал 77 распишува оглас за вработуање на едно лице за следната работна позиција:
Електроничар со работно искуство за работа во Штип
Потребни квалификации :
· Потребно образование : Електротехника /ССС
· Работно искуство : минимум 3 годишно работно искуство
Опис на работните задачи :
· Монтажа и одржување на предавателна опрема, како и работи поврзани со пуштање на работа на истата
· Врши демонтажа, поправка и монтажа на електрични компоненти и делови
· Врши тековни и превентивни прегледи на машините
· Активно учествува во отстранување на дефекти од електро природа кои настануваат
· Изведува електрични инсталации
· Врши промена на штекери , утикачи, прекинувачи, промена на сијалици, осигурувачи, склопки, машински и електрични делови
Потребни дополнителни вештини :
· Подготвеност за тимска работа и работа под притисок на зададени рокови
Огласот е отворен до 31.08.2020. Доколку сте заинтересирани, Ве замолуваме Вашите податоци и CV да ги испратитена следниов мејл kariera@kanal77.com.mk