Детали за огласот

  • DEKRA MACEDONIAнема информација
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаhttp://www.dekra.mk/
  • Код на огласотTGKNIFI

(Неактивен) - РАКОВОДИТЕЛ НА ПРОИЗВОДСТВО И КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Детали за огласот

За потребите на нашиот клиент, кој работи во доменот на прехрамбена индустрија, Декра ја огласува следната позиција:

Раководител на производство и контрола на квалитет ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО Го координира и организира производството на сокови, каши и други преработки, согласно годишниот и месечниот план; Ги дефинира потребите од репроматеријали и суровини врз основа на месечниот и годишниот план; Се грижи за рационално користење на работна рака, репроматеријали, суровини како и користење на средствата за производство; Ја следи контролата на квалитет на сите примени репроматеријали, суровини, полупроизводи и амбалажа; Дефинира постапка за производство за сокови и преработка на овошје; Организира редовна контрола на готовите производи, водата, согласно важечките прописи и соработка со овластените институции за таа намена; Се грижи за едукација на стручните, раководините и останатите производствени кадри; Дава предлози за прием, прераспределување на работниците во рамките на систематизација и потребите во процесот на производство; Го организира производството, распоредот на вработените по работни места и смени; Дава налог на технолозите и сменоводителите за производство; Врши контрола на користењето на репроматеријали и суровини; Ги одобрува работните налози за потрошените репрометеријали и суровини, количина на производство и остапува од нормативите на потрошувачка; Врши контрола на придржувањето на производството кон рецептурите доставени од стручната служба на матичната компанија во однапред дефинираната постапка за производство; Го организира процесот на преработка на овошје, сместување и чување на полупроизводите во складиште; Води архива за извршените здраствени хигиено- биолошки анализи на готовите производи; Води евиденција за санитарните прегледи на вработените; Се грижи за одржување на хигиената во друштвото; Го организира и контролира чистењето на опремата и средствата; Се придржува кон мерките за ХТЗ и ППЗ; Должен е да биде лојален кон друштвото и да ја чува совесно и строго деловната тајна.