(Неактивен) - ДИПЛОМИРАН МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР
Детали за огласот
РЖ УСЛУГИ АД Скопје ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност. РЖ УСЛУГИ АД Скопје објавува оглас за вработување на
1. Дипломиран Машински Инженер Инженерот ќе учествува во работата на постројките и е одговорен за одредена фаза од одвивањето на технолошкиот процес. Преку дефинирани задачи, инженерот ќе придонесува за оптимално функционирање на процесот, добивање на квалитетен производ и максимално искористување на капацитетите, организирање на човечките ресурси, а сето тоа со максимално ангажирање за безбедно извршување на задачите, како и со грижа за заштита на животната средина. Учествува во следење на работата на одделните постројки преку процесните параметри и на лице место, изработка на извештаи, решава специфични проблеми. Работата се извршува од 08:00 до 16:00часот.
Квалификации на кандидатите:
· Дипломиран инженер ВСС VII степен (240 кредити), машински факултет
· Со или без работно искуство
· Возачка Дозвола Б категорија
· Познавање на Microsoft Officе, CAD софтвер и познавање на останати апликации ќе се смета за предност.
Конкурентски предности за сите работни позиции:
· Желба за работа во средина со високи барања
· Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности
· Динамичност, ефективност и ефикасност
· Флексибилност и адаптибилност
· Посветеност, мотивираност, иницијативност
· Тимска работа и кооперативност
· Решавање на проблеми
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација: 1. Мотивациско писмо 2. Биографија (CV) 3. Доказ за завршено образование
Огласот трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето. Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон. Вработувањето е со полно работно време (40 часа неделно), на определено време од 12 (дванаесет) месеци,
со можност за продолжување на неодредено време. Аплицирањето се врши со испраќање на потребните документи на следната е-маил адреса contact@rzu.com.mk,
со назнaка “ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – Позиција за која се конкурира “ Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи. Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју. Краен рок за пријавување:15.11.2019
Останати огласи од ист регион
-
ХИГИЕНИЧАРКА
- Социјална работа
- Скопје
- ПУСЗ Олимпија
- 08-05-2024
- 1 ПРЕМИУМ
-
ИНСТАЛАТЕР/МОНТЕР
- Електроника и Телеко...
- Скопје
- Datakom
- 07-05-2024
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
ОТВОРЕНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ
- Угостителство
- Скопје
- ИГ- Груп ДООЕЛ
- 19-05-2024
- 0 ПРЕМИУМ
-
NEGOVATEL/KA VO DOM ZA STARI
- Социјална работа
- Скопје
- ПУСЗ Олимпија
- 08-05-2024
- 0 ПРЕМИУМ
-
MEDICINSKA SESTRA (МЕДИЦИНСКА СЕСТРА)
- Нега и згрижување
- Скопје
- ПУСЗ НАНА Скопје
- 12-05-2024
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН