Детали за огласот

  • DEKRA MACEDONIAНадвор од Македонија
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањенема информација
  • Број на работни места10
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаhttp://www.dekra.mk/
  • Код на огласотTGJFFNI

(Неактивен) - OПЕРАТОРИ НА CNC МАШИНА - БУГАРИЈА

Детали за огласот

Наш клиент е PALFINGER, групација со седиште во Австрија, која е основана во 1932 година и преку присуството со своите производствени погони, сервиси и продажни салони низ целиот свет важи за компанија која е меѓу водечките светски производители на иновативни, сигурни и ефикасни хидраулични системи  за кревање на товар прилагодени за потребите на секој специфичен пазар.

PALFINGER  е светски лидер во производството на автокранови и системи за дигање и транспорт чии производи се извезуваат во повеќе од 130 земји во светот.

 

За нивните потреби за проширување на тимот во производствените погони во Бугаријаво областа Јамбол, с. Тенево специјализиран за производство на хидраулички цилиндри за кранови,ги огласуваме следните работни позиции:

OПЕРАТОРИ НА CNC МАШИНА

(10 позиции)

Потребни квалификации:

·         Завршено средно образование -  техничка насока ќе се смета за предност;

·         Предходно работно искуство од минимум 6 месеци во производство на иста или слична позиција -не е задолжително, но ќе се смета за предност

·         Основно познавање на Англиски јазик или основно познавање на Германски јазикне е задолжително, но ќе се смета за предност

Работни услови:

·         Работното време е 8 часа во три смени со 30 минути пауза во прва и втора смена и 1 час пауза во трета смена

·         Доколку има потреба се работи и секоја втора Сабота во месецот (само прва и втора смена)

·         Платено сместување од страна на компанијата

·         Покриено здравствено и животно осигурување

·         Платен превоз од сместувањето во Бугарија до работното место

·         Платен превоз од Македонија до Бугарија два пати во годината

·         Ваучери за исхрана

·         Месечната нето плата се движи од 500 до 700 Евра во зависност од искуството и техничкото знаење на кандидатите

·         Трошоците за вадење на работна виза ги покрива компанијата

·         Можност за дополнителни бонуси

Лични карактеристики, вештини и спосособности:

·         Презицност и ориентираност кон детали

·         Способност за читање на технички инструкции за управување со машини и техничка документација

·         Добра здравствена и психофизичка подготвеност

·         Способност за изведување основни математички операции

·         Уредност и грижа за техничката и хигиенската исправност на машините и работниот простор

·         Професионалност во извршување на секојдневните обврски

·         Одговорност при следење на компаниските правила и процедури

·         Подготвеност за работа во смени и работа во мултикултурна средина

·         Мотивираност и подготвеност за живеење во странство

·         Способност за тимска работа

Сите заинтересирани можат да аплицираат со испраќање на своите лични податоци или биографии на work@dekra.mk.

 

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

 

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.