ТЕХНИЧКО-ПРОДАЖЕН КОНСУЛТАНТ
- Градежништво и Архитектура
- Скопје
- Доорс Импекс ДООЕЛ
- 30-09-2026
Детали за огласот
ТЕХНИЧКО-ПРОДАЖЕН КОНСУЛТАНТ / SALES ENGINEER
ЗА ДООРС ИМПЕКС ДООЕЛ
Доорс Импекс постои од 2009 година и повеќе од 17 години работи со продажба, набавка, монтажа и сервис на гаражни, индустриски и противпожарни врати, автоматика и придружна опрема.
Бараме технички поткована личност која сака да работи со клиенти и да продава технички решенија.
Ако сте техничар, инженер, сервисер, лице со техничко искуство или кандидат кој е на почеток на кариерата во техничка област, а сакате да се развивате во продажба на сериозни технички решенија — ова може да биде вистинската позиција за Вас
ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ
Комуникација со клиенти и разбирање на нивните потреби. Поставување правилни технички прашања пред подготовка на понуда. Предлагање соодветно техничко и комерцијално решение. Активен follow-up со клиенти до донесување одлука. Продажба на гаражни и ПП врати, автоматики и придружна опрема. Работа со крајни клиенти, фирми, градежни компании и B2B клиенти. Координација со технички сектор, монтажа, сервис, набавка и магацин. Водење евиденција во CRM/ERP систем. Следење активни понуди, договори, клиенти и резултати. Градење долгорочни односи со клиенти и партнери.
КАКВА ЛИЧНОСТ БАРАМЕ
Техничка логика, амбиција и желба за учење. Организираност, дисциплина, точност и одговорност. Желба за продажба, комуникација со клиенти и follow-up. Способност да поставува правилни прашања, да слуша и да предложи соодветно решение. Подготвеност за работа со CRM/ERP систем, евиденција, цели, бројки и резултати. Техничко образование, пракса или искуство е предност, но најважни се работната етика и желбата за развој. Возачка дозвола Б категорија.
амбицијата и желбата за развој.Потребна е возачка дозвола Б категорија.
ШТО НЕ Е ОВАА ПОЗИЦИЈА
Ова не е позиција за лице кое бара лесна работа без одговорност, не сака продажба, комуникација со клиенти и follow-up, не сака да учи технички производи или не сака да работи со систем, евиденција и резултати.
ШТО НУДИМЕ
Работа во стабилна и растечка компанија. Обука за производите и начинот на работа. Фиксна плата + бонус систем поврзан со резултати. Можност да станете клучен човек во развој на нови производни категории. Лаптоп, телефон и потребна опрема за работа. Пријатна работна средина и тимска поддршка.
ПРЕДНОСТ ИМААТ КАНДИДАТИ СО ИСКУСТВО ИЛИ ОБРАЗОВАНИЕ ВО:
електроника, автоматика, машинство или мехатроника; градежништво, сервис, монтажа или техничка продажба; индустриски системи, автоматики за врати, електро брави, сензори, рампи или контрола на пристап.
Претходно искуство во продажба е предност, но не е задолжително.
Добредојдени се и кандидати кои се на почеток на кариерата или скоро завршиле техничко образование, доколку имаат техничка логика, амбиција, добра работна етика и силна желба да учат и да се развиваат во продажба на технички решенија.
Поважно ни е кандидатот да има правилен став, желба за напредок и подготвеност да ја плати цената на учење и работа, отколку само претходно искуство.
КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ
Доколку се препознавате во овој опис, испратете Ваше CV на:
hr@doorsimpeks.mk
Заедно со CV-то, испратите и кратко мотивациско бјаснување зошто сакате да ја работите оваа позиција.
Краткото објаснување ќе биде важен дел од селекцијата.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
Останати огласи од ист регион
-
ТЕРЕНСКИ DDD ОПЕРАТОР (2 ИЗВРШИТЕЛИ)
- Медицина и здравство
- Скопје
- Truly Nolen NM
- 29-09-2026
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН
-
ENGLISH LANGUAGE LEARNING SPECIALIST
- Образование и наука
- Скопски
- хаиѕуе
- 28-09-2026
- 1 БЕСПЛАТЕН
-
ШАНКЕР/КА
- Угостителство
- Скопје
- Градски Кеј ДООЕЛ - Скопје
- 16-10-2026
- 2 ПРЕМИУМ
-
ОПШТ РАБОТНИК ЗА РАБОТА ВО АРМИРАЧКИ ПОГОН
- Градежништво и Архит...
- Скопје
- Идадија Инженеринг Нова Скопје
- 27-09-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКА И КОНТРОЛА НА ЗАЛИХИ
- Угостителство
- Скопје
- ИГ- Груп ДООЕЛ
- 02-10-2026
- 0 ПРЕМИУМ
-
РЕЦЕПЦИОНЕР
- Хотелиерство
- Скопски
- Урбан Хостел ДОО
- 28-09-2026
- 2 БЕСПЛАТЕН
Останати огласи од иста компанија
-
МЕНАЏЕР НА ТЕХНИЧКИ СЕКТОР
- Градежништво и Архит...
- Скопски
- Доорс Импекс ДООЕЛ
- 28-09-2026
- 1 БЕСПЛАТЕН


