КОМЕРЦИЈАЛИСТ
Детали за огласот
Оскар-М Струмица има потреба од работник на работна позиција комерцијалист за унапредување на реон од Струмица до Радовиш.
ШТО НУДИМЕ:
Фиксен и варијабилен надоместок на плата;
Службено возило достапно за користење 24/7 со целосно покриени патни трошоци;
Иновативни и целосно дигитализирани алатки за работа;
Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси.
ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
Посета на купувачите со цел одржување на долгорочни квалитетни односи со нив;
Преговарање и унапредување на продажбата на нашето портфолио, преку креирање електронски нарачки во систем согласно потребите на купувачите;
Поставување активации за продажба на производи во објектите на нашите купувачи, во согласност со целите на компанијата;
Анализа на пазарот преку современи алатки и давање предлози за инвестиции во продажни објекти на нашите купувачи;
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ
Минимум завршено средно образование,
Поседување возачка дозвола Б – категорија,
Флексибилност за работа на терен, Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
Професионално однесување,
Организирана, аналитична, мотивирана и стабилна личност, Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
Способност за тимска и индивидуална работа,
Позитивен однос кон промени,
Познавање и работа со компјутери (MS Office пакет),
Познавање на назначениот регион.
Потребно искуство:
*Претходно работно искуство на позицијата ќе се смета за предност.
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини се поканети да аплицираат со нивното CV на следната e-пошта: oskarmstrumica@yahoo.com со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.