Детали за огласот

  • ДТПУ Оскар М ДООЕЛ СтрумицаСтрумица
  • Плата 40000-60000
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефон034/330-022
  • Контакт емаилoskarmstrumica@yahoo.com
  • Веб страна
  • Код на огласотTHGHKHN

КОМЕРЦИЈАЛИСТ

Детали за огласот

Оскар-М Струмица има потреба од работник на работна позиција комерцијалист за унапредување на реон од Струмица до Радовиш.

ШТО НУДИМЕ:

Фиксен и варијабилен надоместок на плата; Службено возило достапно за користење 24/7 со целосно покриени патни трошоци; Иновативни и целосно дигитализирани алатки за работа; Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси.

ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

Посета на купувачите со цел одржување на долгорочни квалитетни односи со нив; Преговарање  и унапредување на продажбата на нашето портфолио, преку креирање електронски нарачки во систем согласно потребите на купувачите; Поставување активации за продажба на производи во објектите на нашите купувачи, во согласност со целите на компанијата; Анализа на пазарот преку современи алатки  и давање предлози за инвестиции во продажни објекти на нашите купувачи;

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ

Минимум завршено средно образование, Поседување возачка дозвола Б – категорија, Флексибилност за работа на терен, Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти, Професионално однесување, Организирана, аналитична, мотивирана и стабилна личност, Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати, Способност за тимска и индивидуална работа, Позитивен однос кон промени, Познавање и работа со компјутери (MS Office пакет), Познавање на назначениот регион.

Потребно искуство:

• Претходно работно искуство на позицијата ќе се смета за предност.

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини се поканети да аплицираат со нивното CV на следната e-пошта:  oskarmstrumica@yahoo.com со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.