Детали за огласот

  • ИНФЕЛ - ОхридОхрид
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни местанема информација
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.infel.net.mk
  • Код на огласотTHFOFNM
  • Квалификации

(Неактивен) - ЕЛЕКТРОМОНТЕР ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ МРЕЖИ - СО И БЕЗ РАБОТНО ИСКУСТВО

Детали за огласот

Кабелскиот оператор Инфел – Охрид  в р а б о т у в а.

ИНФЕЛ-КТВ е првиот кабелски оператор на подрачјето на Општина Охрид,  денес располага со сопствена оптичко-коаксијална мрежа.

Стручниот тим е целосно посветен на развојот и  одржувањето на мрежата така да стабилноста и квалитетот на услугите се нашите главни адути.

Со користење исклучиво софистицирана опрема од брендовите како што се: Cisco, HP, Motorola, Mikro Tik, WISI и др., постојано се стремиме кон надоградба и имплементација на нови напредни технологии.

Во чекор со светскиот тренд на зголемување на брзината на широкопојасниот интернет  и зголемувањето на бројот на дигитални телевизиски канали тимот за техничка поддршка постојано се грижи за задоволстовото на нашите корисници.

Оптички кабел до домот (FTTH) е нашиот следен чекор.

                Работно место: ЕЛЕКТРОМОНТЕР на телекомуникациска мрежа

- Вработување на неопределено време;

- Со или без работно искуство;

- Доколку кандидатот нема работно искуство потребно е истиот да има желба за работа, постојано учење, лично и професионално надоградување. Во тој случај следи тромесечна обука од страна на вработени технички лица за соодветното работно место;

- Времето предвидено за обука влегува во работен стаж на работникот;

- Плата до 45.000,оо ден., во зависност од искуството, ангажирањето и резултатите од работењето;

- Исплата на целосен регрес за годишен одмор; Можност за дополнителни бонуси;

- Работно време: Понеделник-Петок, 40 работни часа во неделата;

- Прекувремени часови додатно се плаќаат.

                   Образование, искуство, вештини

- ССС – електротехничка стручна спрема ќе се смета за предност;

- Способност за тимска работа;

- Претходно искуство во областа исто така ќе се смета за предност;

- Вештини од електрични, инсталациски и други работи, работа на висина и други вештини ќе се сметаат за предност,

- Возачка дозвола Б категорија исто така е предност.

                          Работни задачи и одговорности:

- Монтажа на телекомуникациска инфраструктура на терен–према добиен налог;

- Работа со електричен алат и инструменти за мерење, испитување и поврзување на телекомуникациска опрема;

- Следење и извршување на работните задачи доделени од Раководителот;

- Почитување на безбедносните процедури и стандарди;

- Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови.