Детали за огласот

  • Друштво за производство трговија и услуги ФАРМАГЕН увоз-извоз ДООЕЛ СкопјеСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.pharmagen.mk
  • Код на огласотTGJMKOK

(Неактивен) - ЛИЦЕ ОДГОВОРНО ЗА РЕГУЛАТИВА

Детали за огласот

ФАРМАГЕН увоз-извоз ДООЕЛ има потреба од фармацевт за работна позиција регулатива (регистрација).

 

Потребни квалификации:

-          Образование: Магистер по фармација со валидна лиценца за работа.Предност ќе имаат кандидатите со 2 години работно искуство на иста или слична позиција.

-          Познавање на минимум странски јазик: англиски.

-          Програмски пакет: Microsoft Office, Adobe.

-          Поседување возачка дозвола тип Б (активен возач).

-          Познавања од областа на правото ќе се сметаат за предност.

 

Лицето ќе биде одговорно за:

-          Регистрација на лекови. Врши регистрација на нови лекови, ажурирање на документација на веќе регистрираните лекови, поднесува варијации,обнови и сите процеси поврзани со регулативата.

-          Следење и спроведување на системот на фармаковигиланца за сите регистрирани лекови. Ќе врши поднесување на PSUR-ови, поединечни извештаи и слично. Ќе врши постојано следење на несаканите дејства на регистрираните лекови.

-          Постојано следење на нови законски регулативи и измени на постојните закони на РМ што се однесуваат на лековите;

-          Исправноста и ажурираноста на документацијата на секој регистриран лек во правното лице;

-          Работење во електронскиот систем на Агенција за лекови во делот за регистрации како и во системот за фармаковигиланца.

-          Запишување во регистарот на медицински помагала. Следење на сите процеси поврзани со медицински помагала. Следење на систем на метериовигиланца.

-          Спроведување на постапки за регистрирање на додатоци на исхрана, следење на законската регулатива поврзана со Закон за безбедност на храна, следење на сите процеси поврзани со додатоците на исхрана.

-          Формирање единствени цени на лекови и следење на законско намалување на цените.

-          Секојдневна комуникација со лица одговорни за постапките кои се водат во Агенција за лекови и медицински средства и во Агенција за храна и ветеринарство.

-          Секојдневна комуникација со странските фирми во однос на споделување информации и документација за производите.

 

Дополнително, на барање на работодавецот, лицето ќе биде одговорно за:

-          Увоз, извоз, реекспорт на лекови.

-          Следење на залиха во магацин и  информирање на релевантни лица за начинот на чување на лековите согласно пропишаната документација.

-          Комерцијално работење кое вклучува изготвување фактури, испратници, повратници кон коминтенти.

-          Работење во софтвер за материјално и финансиско работење, во делот на шифрирање на производи, коминтенти, извештаи за продажба и материјални документи (фактури, испратници, повратници).

-          Логистика и организација на дистрибуција на производите кон коминтенти.

-          Активно учество во маркетинг настани.

-          Активно учество во попис.

 

Очекувани способности:

-          Насоченост кон резултати.

-          Мотивираност и желба за работа.

-          Ориентирани кон решавање на проблеми.

-          Способност за индивидуална и работа во тим.

 

Работен однос: полно работно време во траење од 40 (четириесет) часа неделно.

Работно време: од 08.00 до 16.00h, од понеделник до петок.

 

!!! Вашето CV испратете го на следната e-mail адреса: info@pharmagen.mk со назнака: Апликација за оглас за регулатива – ИМЕ И ПРЕЗИМЕ

!!! Само уредно испратените CV-ја ќе бидат земени во предвид.

!!! Апликациите без назнака нема да бидат разгледани.