Детали за огласот

  • DEKRA MACEDONIAСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни местаЕдна Позиција
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаhttp://www.dekra.mk/
  • Код на огласотTGHJOKG

(Неактивен) - РАКОВОДИТЕЛ НА ТЕХНИЧКА СЛУЖБА

Детали за огласот

Наш клинет е водечка компанија во доменот на прехранбена индустрија, со производство и трговија на производи од доменот на здрава храна со висок квалитет и пристапна цена. Со својот искусен и стручен тим, контунирано ги следи светските трендови во нутриционизмот и здравата исхрана, креирајќи иновативни производи за сечиј вкус. Во име на својот клиент, кој отвара можност за професионален предизвик, Декра ја огласува следната позицја:

 

Раководител на техничка служба

 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО  

 

Посветеност на развојот и реализирањето на стратешките цели на компанијата преку менаџирање и унапредување на техничките ресурси; Обезбедува технички услови за непречена работа на целата компанија согласно компаниските принципи; Обезбедува техничка исправност на производните машини, возниот парк како и инсталациите на објектот (струја, воздух, природен гас, климатизација, водовод); Обезбедува технички услови за поголема продуктивност и економичност при работењето (организирање и планирање на операциите во секторот, намалување на трошоците); Изготвувa - спроведува месечни и годишни планови за одржување на производствените погони; Комуницира со сервисни контрактори; Спроведува превентивно и тековно одржување, проверка на состојбата на машините и инсталацијата и врши надзор на работењето на истите;Ги анализира оперативни перформанси на машините; Ја организира и координира техничката служба, одредува приоритети; Ја евалуира ефикасноста на технишката служба и превзема корективни мерки согласно потребите; Изготвува месечен репортинг за ефикасноста на службата до менаџментот;Предлага систем на мотивација и наградување на вработените во техничката служба; Го менаџира магацинот за резеврни делови и организира редовни набавки на истите; Изготвува годишен секторски буџет и ги контролира трошоците согласно буџетот; Предлага оптимирање и надградба на постоечката технолошка опрема; Предлага и учествува при избор на нова опрема и усвојување на нови технологии; Одобрува пуштање во работа на нова опрема; Ги избира и обучува вработените во секторот, врши обука и евалуацијата на операторите на машини, предлага оператори за нова опрема; Реализира обуки за заштита при работа и заштита од пожар; Врши контрола на коректност и совесност во работењето со опремата; Jа следи законската и царинската регулатива и подготвува потребна документација за увоз на техничка опрема и резеврни делови; Носител е на Процедурата за одржување на опремата и инсталациите и одговорен за нејзиното правилно спроведување.