(Неактивен) - ШЕФ НА КУЈНА
- Хотелиерство
- Црна Гора
- Karisma Hotels Montenegro
- 28-03-2018
Детали за огласот
KARISMA HOTELS ADRIATIC, како резултат на зголемениот обем на работа, распишува конкурс за позицијата шеф на кујна во хотелите:
„Ruža Vjetrova“ во Добра Вода, во близина на Бар
„Holiday Village Resort“ во Улцињ
„Mini boutique Hotel 5* by Karisma“ во Котор
Ја планира, организира и ја контролира работата во кујната, ги раководи работниците во кујната;
Го контролира работното време и го авторизира прекувременото работно време и трошоците за работата;
Одредува и воведува правила и стандарди во работата во кујната;
Ги контролира трошоците на кујната според планираниот буџет;
Го утврдува годишниот, сезонскиот и неделниот распоред на работата на работникот;
Го контролира, оценува и го обучува персоналот во кујната;
Обезбедува избалансираност на квалитетот на произведената храна, како и на општата хигиена.
Се грижи работниците во кујната да ги користат договорените мери, како што е планирано во рецептите, во насоките за производство и во менијата.
Ги истражува, ги развива и ги испитува основните производи, ги модернизира рецептите.
Ги изработува сите калкулации за рецептите.
Зема примероци и постојано ја проверува приготвената храна и не допушта да биде послужена онаа храна која не е во согласност со договорените стандарди.
Ги решава рекламациите на гостите.
Контактира со гостите – обиколувајќи ги сите маси во текот на вечерата
Им подготвува и им издава рецепти (рецепти и насоки за производство) на сите оние кои приготвуваат храна
Ги врши сите нарачки, вклучувајќи свежи производи:
месо, риба, салата, овошје, зеленчук, сè во согласност со процедурите на списокот.
Во договор со директорот на секторот планира и воведува нови менија.
Ги следи и ги контролира свежината и квалитетот на прехранбените суровини.
Води и/или делегира обука на работното место – ги подобрува вештините на подредените
Се поврзува со менаџерите на рестораните во врска со јадењата, пијалаците, рекламациите на гостите и со трендовите.
Ги задолжува потребните артикли и прави пресметка на трошоците.
Одговорен е за спроведување на мерките за управување со отпадот.
Извршува и други задачи по налог на директорот на секторот и на главниот директор на хотелот.