Детали за огласот

  • Друштво за производство, трговија и услуги КЕНТАУР-ИМПЕКС ДООЕЛ експорт-импорт СкопјеКуманово
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеОпределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефон071349552
  • Контакт емаилkentaur_impex@yahoo.com
  • Веб странаwww.kentaur.com.mk
  • Код на огласотTHGJIHF

АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК

Детали за огласот

Основана во 2001 година до ден денес Друштвото за производство, трговија и услуги КЕНТАУР-ИМПЕКС ДООЕЛ експорт-импорт Скопје е приватна компанија со 100 % домашен капитал. Во досегашното работење компанијата бележи се поголем раст од година во година. Круна на две децениското работење е купувањето на производните погони на фабриката ИСКРА од Куманово и нивно успешно рестартирање.

КЕНТАУР ИМПЕКС е модерна и иновативна компанија, која во главно се занимава со увоз и продажба на метални лимови и профили, како и производство на челични конструкции за секаква намена.

 

 

Оглас за вработување за работно место

АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК

 

Нашата компанија има потреба од вработување на Административен работник, кој ќе биде одговорен за извршување на административни, финансиски и организациски активности во компанијата.

Работно место е во Куманово, во Подружница ИСКРА Куманово, ул.Железничка бр.8А, Куманово.

 

Потребни квалификации:

Завршено високо или средно образование (ВСС/ССС);

Со или без работно искуство;

Познавање на MS Office пакет;

Познавање на Англиски јазик;

 

Работни обврски:

Внесување, евиденција и обработка на податоци;

Изработка и евиденција на патни налози;

Водење на благајничко работење и соодветна документација;

Подготовка, водење и тековно ажурирање на административна документација поврзана со работните процеси во компанијата;

Подготовка и следење на организациските промени и подготовка на периодични, годишни извештаи и анализи;

Извршување на други административни задачи согласно тековните потреби на компанијата;

 

Способности на кандидатот:

Изразена способност за планирање и организирање на работни задачи поврзани со рок;

Одговорност, иницијативност, исполнителност и лојалност,

Развиени комуникациски и интерперсонални вештини;

Способност за самостојна работа, како и ефективна работа во тим;

Доверливост, прецизност и посветеност во извршувањето на работните задачи;

Доколку ги исполнувате наведените услови и сакате да станете дел од нашиот тим, испратете ја Вашата кратка биографија (CV) на мејл адресата:  kentaur_impex@yahoo.com, со назнака: За работно место – административен работник.