(Неактивен) - SMETKOVODITEL, СМЕТКОВОДИТЕЛ
- Сметководство
- Охрид
- Дамарис дооел Охрид
- 23-07-2026
Детали за огласот
Сметководствено биро со над 20-годишна работа во Охрид, објавува оглас за вработување на доверлива и одговорна личност за позицијата Сметководител.
Вашите одговорности ќе вклучуваат:
• Внес на банкарски изводи, фактури и други документи од клиенти.
• Усогласување и контрола на внесени податоци.
• Тековна административна поддршка во канцеларијата.
• Пресметки на плати и ДДВ.
• Комуникација со клиенти во канцеларијата и по потреба со банки и државни служби.
• Почитување на Кодекс на Етика, Процедури и Правилник за работа.
Вашите бенефиции:
• Долгорочна стабилност и можност за покачување на плата.
• Пензиско и здравствено осигурување на полно работно време.
• Целосен годишен одмор и регрес, слободни државни и верски празници и викенди.
• Продолжени викенди во текот на летото (понеделник или петок според работните процеси) и можност за флексибилно работно време или комбиниран модел на работа (од дома / од канцеларија) после првата година на вработување.
• Можност за целосно финансирана обука за стекнување сертификат за сметководство, дигитализација и практично менторство од овластен сметководител.
Критериуми за избор:
• Спремност за долгорочна соработка и доверливост.
• Фокусираност, способност за прецизна работа со финансиски податоци во базата и самостојна работа после обуката. Особена посветеност на работата во периодот на годишни сметки (02 Јануари до 31 Март).
• Минимум средно економско образование или друго средно образование по можност со стекнат курс за сметководство. Предност имаат кандидати со Економски факултет или сроден факултет.
• Основни компјутерски вештини (Word, Excel, Internet) и спремност за унапредување во компјутерски вештини.
• Познавање на англиски јазик.
• Со или без работно искуство во сметководство.
По разгледување на биографиите (CV) пратени на емаил, ќе бидете поканети на разговор каде ќе треба да донесете оргинали од стекнати дипломи или сертификати.


