КООРДИНАТОР НА ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА
- Невладини организации и Здруженија
- Скопје
- ЗГ Љубезност
- 09-05-2026
Детали за огласот
Здружението на граѓани Љубезност има потреба од Координатор на Центар за социјална инклузија
Потребно образование: Универзитетска диплома од областа на општествените науки, а предност имаат менаџмент и социјална работа.
Искуство: Најмалку една година искуство во областа на раководење со центри за поддршка на корисници, останати организациски единици, социјална заштита, работа на проекти или административна работа.
Работно време: 20 часа неделно
Начин на ангажман: редовен работен однос на четири месеци и петнаесет дена.
Преку проектот ComHome, нашата организација отвори Центар за социјална инклузија на бездомници и други луѓе во социјален ризик. За раководење со нашиот центар, бараме посветена личност која ќе врши распоред на активностите во Центарот по најава од социјален работник, правник, психолог и волонтери кои органираат настани во Центарот, ќе го мониторира и координира процесот на работа на Центарот, ќе известува до нашите донатори и ќе го пренесува нашето искуство, знаење и пристап во работа со крајните корисници на сите заинтересирани страни.
Потребни вештини:
- Комуникациски вештини, преговарање и управување со конфликти - Управување со време и поставуање рокови - Организациски вештини - Добри меѓучовечки односи - Тимски играч
Работни задачи:
- Утврдување на портфолио на активности на Центарот за социјална инклузија врз основа на неговата работа во претходниот период - Изработка на работен план на Центарот за социјална инклузија со пресметка на потребните ресурси за неговата работа - Редовен контакт со колеги, волонтери, партнерски организации и други заинтересирани страни во врска со активностите на Центарот - Координација и надгледување на работењето на Центарот - Поддршка во организирањето настани и други активности во Центарот - Собирање податоци од работата на Центарот и известување за работата на Центарот
Останати огласи од ист регион
-
МЕДИЦИНСКИ ПЕРСОНАЛ
- Медицина
- Скопски
- Карас Хелт
- 03-06-2026
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН
-
КОНФЕКЦИСКИ РАБОТНИК
- Текстилна
- Скопски
- ОКИТЕКС ДОО Скопје
- 03-06-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
ВОЗАЧ
- Трговија
- Скопски
- ГРАНД- ЕКСПОРТ ДООЕЛ СКОПЈЕ
- 03-06-2026
- 4 БЕСПЛАТЕН
-
ЛОВЕЦ
- Туризам
- Скопски
- АДА ПЕТРА ДООЕЛ
- 03-06-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
АДМИНИСТРАТОР ЗА ЛОГИСТИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
- Дистрибуција и Логис...
- Скопје
- ТРАНСМАК
- 08-05-2026
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН


