СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ПРОДАЖБА НА МЕДИЦИНСКИ ПРОИЗВОДИ
- Медицина и здравство
- Скопје
- ДНД ЦОММЕРЦЕ ДООЕЛ СКОПЈЕ
- 11-11-2025
Детали за огласот
DND COMMERCE DOOEL Скопје е динамична и растечка компанија која се занимава со регионално снабдување со иновативни медицински помагала за оперативни процедури, уреди и потрошен материјал за стерилизација, како и решенија за контрола на инфекции и дезинфекција во болници и професионални установи.
Со цел да го подигнеме нивото на здравствена заштита, користиме најсовремена технологија и постојано инвестираме во образование, и се стремиме да бидеме ЕДЕН ЧЕКОР ПОНАПРЕД.
АКО САКАТЕ ДА СТЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ И СТЕ ДИНАМИЧНА, КОМУНИКАТИВНА, ОДГОВОРНА ЛИЧНОСТ ПОСВЕТЕНА НА РАБОТАТА, НА КОЈА ПРЕДИЗВИК И Е ПРОДАЖБА И УСПЕХ, ВЕ ПОКАНУВАМЕ ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ НА НАШИОТ ОГЛАС ЗА РАБОТА.
СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ПРОДАЖБА НА МЕДИЦИНСКИ ПРОИЗВОДИ
Опис на работното место:
• продажба и промоција на медицински помагала и апарати во областа на стерилизација и дезинфекција за потребите на лабораториите и стерилизацијата на територијата на Македонија.
• Организирање посети на здравствени установи со цел презентација и продажба на производи.
• Комуникација со странски деловни партнери преку телефон, е-пошта и видео повици, како и обезбедување едукација за производи, анализа на конкуренцијата и соработка со правниот и регулаторниот тим во врска со тендерската документација.
• Службени патувања во земјата, и странство по птреба.
• Креирање стратегија за продажба во соработка со менаџментот на компанијата.
• Креирање годишни, квартални и месечни планови за продажба.
• Помош и континуирана работа со дистибутери од Србија во врска со барања и реализација на тендери.
• Активна работа на терен, посета на постоечки и пронаоѓање нови клиенти.
Потребни кфалификации :
• IV, V или VII степен на професионална квалификација (по можност медицинска или фармацевтска професија).
• Задолжително одлично познавање на англискиот јазик (усмен и писмен).
• Компјутерски вештини (пакет Microsoft Office).
• Задолжително поседување возачка дозвола од категорија Б.
• Одлични комуникациски вештини.
• Точност, прецизност и педантност во извршувањето на задачите.
• Одговорен пристап кон работата и почитување на роковите.
• Пожелно е претходно искуство во продажба на медицински помагала.
Ние Ви нудиме:
• Постојана професионална обука, како и едукација во земјите на нашите странски партнери-производители.
• Работа на терен и во канцеларија,
• Пријатна работна атмосфера и стимулативна заработка, во согласност со вашата обука и напредување.
• Познавање на работа во програмата Pantheon.
• Полно работно време.
Заинтересираните кандидати можат да го испратат своето CV на е-поштата: office@dndcommerce.mk
Задолжително е во предметот на е-поштата да наведете: „Продажба на медицински производи“
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју, додека избраните кандидати ќе бидат поканети на втор круг интервјуа со тимот за човечки ресурси во просториите на DND COMMERCE ДООЕЛ Скопје .
Придружете се на нашиот тим и станете дел од компанија која постојано расте и ја подобрува здравствената заштита!
Останати огласи од ист регион
-
ТАПЕТАР, ШИВАЧ
- Производство
- Скопје
- ЗОНА МЕБЕЛ
- 29-10-2025
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
МОНТАЖЕР НА КЛИМА УРЕДИ
- Машинство
- Скопје
- K&K SERVIS DOOEL Skopje
- 29-10-2025
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
АДМИНИСТРАТИВНО-ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ
- Градежништво и Архит...
- Скопје
- БИСИ- ДООЕЛ
- 15-11-2025
- 0 ПРЕМИУМ
-
ТРАНСПОРТНИ РАБОТНИЦИ ВО МАГАЦИН
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 08-11-2025
- 0 ПРЕМИУМ


