Детали за огласот

КООРДИНАТОР ЗА ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ

Детали за огласот

Групација на болници Санте Плус отвара работна позиција за координатор за продажба. 

Опис на работните задачи и одговорности: Развивање и имплементација на стратегии за зголемување на продажбата на медицински услуги. Комуникација со пациенти, компании и осигурителни куќи за промоција на болничките услуги. Анализа на пазарот и следење на конкуренцијата со цел подобрување на понудата. Одржување на долгорочни релации со постојните клиенти и привлекување нови. Организирање и координирање на продажните активности во соработка со маркетинг тимот. Подготовка на извештаи и анализа на резултатите од продажбата. Поддршка на тимот за прием и грижа за клиентите во делот на продажните активности. Учество во промотивни настани, конференции и презентации поврзани со здравствени услуги. Комуникација со доктори и медицински персонал за подобро разбирање на понудените услуги. Квалификации и вештини: Завршено високо образование (предност имаат студии од областа на економија, менаџмент, маркетинг или здравствен менаџмент). Искуство во продажба, особено во здравствениот сектор, е предност. Одлични комуникациски и преговарачки вештини. Способност за аналитичко размислување и донесување стратегии. Познавање на Microsoft Office пакетот (Word, Excel, PowerPoint). Познавање на англиски јазик. Способност за тимска работа и иницијативност. Што нуди компанијата:

 

Конкурентна плата со можност за бонуси врз основа на постигнатите резултати. Динамична работна средина со можности за професионален развој. Обуки и едукации во областа на продажба и здравствен менаџмент. Можност за напредување во кариерата.