(Неактивен) - ПРАВЕН СОРАБОТНИК
- Невладини организации и Здруженија
- Скопје
- Конфедерација на слободни синдикати на Македонија
- 08-10-2024
Детали за огласот
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија бара посветен и мотивиран правен соработник да се приклучи на нашиот тим.
Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
· Правен факултет, и положен правосуден испит;
· Работно искуство од најмалку 2 години;
· Активно познавање на англиски јазик; Работната позиција опфаќа директна комуникација на англиски јазик (пишан и говорен англиски јазик)
· Познавање на MS Office пакетот;
·
Одговорности и работни задачи:
· Подготовка на корпоративна документација;
· Изготвување на правни документи, договори, интерни акти;
· Следење, анализа и информирање за законски и подзаконски прописи и нивни измени од трудовата област;
· Комуникација и давање на правни совети и информации на сите членки во рамки на организацијата;
· Деловна комуникација со министерства, државни институции, адвокати, компании и трети лица;
· Меѓународна соработка со странски институции;
· Учество во административната работа на организацијата;
· Поддршка при организирање на настани, конференции, семинари;
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:
· Способност за работа во тим
· Самоиницијативност
· Одлични комуникациски вештини
· Организираност и внимание на детали
· Силни правни истражувачки и аналитички вештини
Зошто да ни се придружите?
Работната позиција е со полно работно време од понеделник до петок со можност за работа на неопределено работно време.
Доколку сакате да бидете дел од тимот кој е посветен на подобрување на работничките права во Македонија и прави општествени промени, во КСС имате можност да работите на значајни и влијателни правни прашања.
КСС нуди можности за професионално развивање преку вклучување во семинари, конференции, обуки, работилници, школи во земјата и во странство.
Доколку сте заинтересирани за оваа работна позиција аплицирајте со доставување на CV на следната e-mail адреса contact@kss.mk
Ве молиме во Subject наведете: Име_Презиме_Апликација за правен соработник
Рокот за аплицирање е најдоцна до 25.10.2024 година
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.
Останати огласи од ист регион
-
САЛАТЕР/КА
- Угостителство
- Скопје
- ИГ- Груп ДООЕЛ
- 18-12-2024
- 0 ПРЕМИУМ
-
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ ЗА ВНАТРЕШНО СМЕТКОВОДСТВО
- Сметководство
- Скопје
- ДТУ НАС МБД ДООЕЛ Скопје
- 27-11-2024
- 0 ПРЕМИУМ
-
PROGRAM SECTOR SPECIALIST
- Разни области
- Скопје
- Peace Corps North Macedonia
- 24-11-2024
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
ОПШТИ РАБОТНИЦИ/ОПЕРАТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 03-12-2024
- 1 ПРЕМИУМ
-
ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР
- Градежништво и Архит...
- Скопје
- БИСИ- ДООЕЛ
- 07-12-2024
- 0 ПРЕМИУМ