(Неактивен) - ДОКТОР -СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ДЕРМАТОВЕНЕРОЛОГИЈА
Детали за огласот
ПЗУ Специјалната болница за нефрологија со дијализа Diamed е дел од D.Med Healthcare Group со седиште во Дизелдорф, Германија. D.Med Healthcare Group е глобален проваидер на медицински услуги и производи со посебен фокус на нефрологија со дијализата како и производи во други медицински области. Специјалната болница Диамед, како дел од групацијата обезбедува висококвалитетни услуги за дијализа за пациенти кои имаат бубрежни заболувања, бубрежна инсуфициенција и пациенти кои се на хронична програма за хемодијализа и хемодијафилтрација.
ПЗУ Специјалната болница Диамед располага со модерна биохемиска лабораторија која нуди лабораториски услуги за сите пациенти. Во 2016 година болницата успешно го имплементира системот за управување со квалитет и се стекна со Сертификат за квалитет според стандардот ISO 9001:2005, ICS, IQNET сертификат. За потребите на болницата отвараме ПЗУ Поликлиника Д. Мед Медикал 2 во нас. Ѓорче Петров Скопје, каде имаме потреба од:
1. Доктор – Специјалист по дерматовенерологија,
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА:
-Завршено високо образование/соодветна специјализација и едукација во естетика-Лиценца за работа,
- Претходно искуство ќе се смета за предност/ но може да конкурираат и кадидати без претходно работно искуство
-Одлично познавање на англиски јазик
-Познавање на работа со компјутери
ЛИЧЕН ПРОФИЛ
Професионален однос кон работата, одговорност и дисциплинираност,
Почитување на правила и кодекс на работа,
Внимателност и прецизност при работењето,
Способност за индивидуална и тимска работа,
Способност за преземање иницијатива и мотивираност за постојана едукација/надградба на знаењата,
Процена на проблеми и решавање на проблеми, флексибилност како и висока работна етика.
Што нудиме:
Конкурентско месечно примање, регрес на годишен одмор, можност за дополнителни едукации во областа на дерматовенерологијата и естетиката, позитивна работна атмосфера, тимска работа, каде што посветеноста, професионализмот и лојалноста се препознаени.
Огласот е отворен 5 дена. Дискреција на кандидатите е загарантирана и само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју. Доколку сметате дека ги исполнувате погоре наведените услови, испратете ни ја Вашата биографија односно CV, на следниот е-маил: elena.banskolieva@dmed-consulting.de
Останати огласи од ист регион
-
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 03-09-2026
- 1 ПРЕМИУМ
-
РЕЦЕПЦИОНЕР
- Хотелиерство
- Скопски
- Урбан Хостел ДОО
- 22-09-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
УГОСТИТЕЛСКИ РАБОТНИК
- Угостителство
- Скопски
- Ендлес Лимитед
- 20-09-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
AДМИНИСТРАТИВНО - ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ
- Угостителство
- Скопје
- БИСИ- ДООЕЛ
- 24-09-2026
- 0 ПРЕМИУМ
-
ШИВАЧ/КИ
- Текстилна
- Скопски
- ОКИТЕКС ДОО Скопје
- 22-09-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
СОБАРКА
- Хотелиерство
- Скопје
- Hotel Macedonia Square
- 18-09-2026
- ПРЕМИУМ


