Детали за огласот

  • Самеримпекс ИмпулсиСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб страна
  • Код на огласотTHGFNIL

(Неактивен) - ГЛАВЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

Детали за огласот

ПУБЛИЦИС Груп, водечка интернационална агенција за маркетинг комуникации, ја огласува потребата од пополнување на позицијата Главен сметководител

Клучни одговорности

 

-        Подготовка на даночни извештаи и поднесување на истите до Управата за јавни приходи (ДДВ пријави, пресметки за персонален данок, пресметки користејќи го TAX пристапот, пресметки за данок на добивка)

-        Сметководствена евиденција на документите поврзани со приходи и трошоци подготвени од лицата во одделот, контрола на истите во сметководствен софтвер (познавање на MSS, IFRS)

-        Подготовка на финансиски извештаи (за трошоци, парични текови, побарувања и обврски, инвестиции и сл.) и за државните институции, согласно законските прописи и барања

-        Подготовка и поднесување на Завршна сметка во Централен регистар и  Даночен биланс до Управата за приходи

-        Работа со ревизорски тимови (екстерна и интерна ревизија)

-        Секојдневно следење и организирање на работата поврзана со сметководствените активности и анализа на сметководствени податоци со цел обезбедување точност (контрола на потенцијални грешки)

-        Изготвување на пресметки за плати

-        Координација со сите клучни засегнати страни

-        Следење и примена на законска регулативи и сметководствени стандарди

Потребни квалификации

-        Диплома од завршен Економски факултет, предност е насока сметководство, ревизија или финансии.

-        Поседување на активна лиценца за овластен сметководител.

-        Одлично познавање на англиски јазик

-        Познавање на работа со компјутер (MS Office, ERP системи) и сметководствена програма за книжење.

-        Познавање на законската регулатива и нејзино активно следење, задолжителни посети на семинари/обуки/запознавање со новините, измени и дополнувања на даночната и сметководствената регулатива

-        Задолжително работно искуство најмалку 5 години како сметководител/ сметководствено-финансиска оператива, подготовка на завршна сметка и сл.

-        Предност е искуство во работа со Oracle HFM платформа, работно искуство за сметководствена евиденција во SAP платформа и работа во меѓународна компанија

 

Придобивки

-        Работа во маркетинг областа, во една од најголемите светски маркетинг корпорации

-        Компетитивна нето плата за локалниот пазар

-        Приватно здравствено осигурување

-        Надомест-регрес за годишен одмор

-        Систем на награди според реализација на целите на компанијата

-        Платена членарина во Институтот на овластени сметководители и часови на KPU согласно правилникот на Институтот.

-        Можност за доусовршување и развој на кариерата, во динамична и креативна околина

 

Заинтересираните кандидати/ки да ги достават своите биографии најдоцна до 25.10.2023  на мејл: biljana.mitrevska@publicis.com.mk и natasa.ivanovska@insight.mk со наслов: Chief Accountant Publicis. Кандидатите кои ќе ги исполнуваат условите за позицијата ќе бидат контактирани за интервју.