Детали за огласот

  • ДСА ТЕАМ ДООЕЛ, ОхридСкопје,Тетово, Прилеп, Велес,Гостивар,Куманово
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеОпределено
  • Број на работни места20
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.dsaoutsourcing.com
  • Код на огласотTHGFLOJ

(Неактивен) - ОПЕРАТОР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ (ВО АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА)

Детали за огласот

ДСА ТЕАМ Дооел е тим од професионалци фокусирани на помагање на компаниите во областа на управување со целокупниот квалитет , континуирано подобрување, управување и решавање на проблеми со речиси една деценија искуство на мултинационалните пазари.

Поради зголемениот обем на работа , имаме потреба од вработување на кандидати за работната позиција :

                                          ОПЕРАТОР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

  Замислете дека имате директен удел и заслуга во производство нa нов автомобил и дека сте во прилика да контролирате некои од сегментите на производните компоненти на автомобили на сите реномирани произведувачи.

Дали сакате да се придужите на одговорен и мотивиран тим кој учествува во овие процеси ?

Дали сакате да бидете дел од компанија која брзо се шири и заедно да напредувате а со тоа  стекнувате нови искуства , познанства и знаења ?

 Доколку вашиот одоговор е ДА , придружете се на нашиот тим ќе ни биде задоволство да соработуваме.

Опис на работните обврски и задачи  :

·   Сортирање и селекција на делови ;

·   Доработка на делови ;

·   Поддршка на производствен процес ;

·   Тестирање на прозиводи на локацијата на купувачот;

·    Работи поврзани со монтажа,преправка и контрола на финален производ;

·    Следење на инструкции за работа и работни упатства;

·    Почитување на инструкциите за безбедност и заштита при работа ;

 

Услови :

·  III/ IV степен на образование ( со или без работно искуство );

·  Тимска работа ;

·   Одговорна и детална личност;

·   Посветеност и прецизност во работата;

·   Подготвеност за работа во III смени.

Ние нудиме :

·   Едукација и тренинг во секторот за контрола на квалитет ;

·   Можност за работа на проекти во странство;

   Работа во динамично работно опкружување во брзорастечка компанија ;

·   Атрактивна заработка  и дополнителни бонуси за посебно залагање во работата;

·   Обезбеден превоз и платен топол оброк од првиот ден

Сите заинтересирани канидати , кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да ги достават  своите биографии на следната е – маил адреса: hr@dsaoutsourcing.com , со задолжителна назнака за позицијата за која аплицираат .

 

Станете дел од  тимот , кој постојано напредува !  www.dsaoutsourcing.com

Напомена

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации се третираат со строга доверливост.  

Самото аплицирање на огласот се смета како дејствие со кое кандидатот се согласува дека неговите лични податоци наведени во апликацијата можат да бидат чувани во базата на податоци од страна на ДСА ТЕАМ ДООЕЛ и истите може да бидат обработувани во рок од 12 месеци од денот на истекот на рокот за избор.

Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно ЗЗЛП, со обраќање на е-пошта: vase.todorova@dsaoutsourcing.com