Детали за огласот

  • ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ СкопјеСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни местаБрокер
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаhttps://mcash.mk
  • Код на огласотTHFNMLM
  • Квалификации

(Неактивен) - БРОКЕР

Детали за огласот

 

Осигурителното брокерско друштво М БРОКЕР АД Скопје е акционерско друштво овластено за вршење на осигурително брокерски работи со дозвола број УП1 – 14 – 1 – 52 од 07.04.2022 година издадена од Агенцијата за супервизија на осигурување. М БРОКЕР АД Скопје е основано од МФГ Бугарија, групација која е предводник во небанкарските финансиски услуги на пазарот во Централна и Источна Европа со повеќе од 8.300 вработени и соработници, лоцирани во повеќе од 450 канцеларии во Бугарија, Украина, Романија, Полска, Шпанија и Северна Македонија.

Мисија

Ние сме водени од технологија, иновативност и грижата за нашите клиенти и постојано сме посветени на создавање на иновативни и креативни решенија за овозможување одлично корисничко искуство за нашите клиенти и партнери.

Препознавајќи го динамичниот начин на живот во денешното модерно општество и притоа ценејќи го времето на нашите клиенти, нашата мисија е да бидеме првиот избор кај македонските граѓани при потреба од осигурување, како поради грижата и вниманието, така и поради брзината, удобноста и достапноста на нашите услуги.

Стратегија

Нашата стратегија е да бидеме брзи и едноставни во комуникацијата со нашите клиенти и секогаш достапни за нив како преку Продавниците за полиси на М Брокер и Продавниците за пари на М Кеш, така и преку онлајн каналот за продажба.

Поради проширување на тимот  имаме потреба од лиценцирани брокери на територијата на цела Р.С. Македонија.

Потребни квалификации:

Завршено високо образование;

Поседување лиценца за осигурителен брокер;

Претходно работно искуство во областа ќе се смета за предност;

Познавање на англиски јазик;

Oдлично познавање на MS Office;

Поседување возачка дозвола Б - категорија.

 

Одговорности:

Изготвување планови за продажба и грижа за нивното дневно/месечно/годишно исполнување

Изградба на мрежа на агенти и грижа за дневните/месечните/годишните цели на

подружницата

Продажба на осигурителни полиси и комуникација со постоечки и потенцијални клиенти;

Постојана анализа на пазарот, анализа на потребите на клиентот, подготовка на понуди и презентирање пред клиентите

Запознавање на клиентите со осигурителните услуги кои ги нудиме и презентирање на нивните права и обврски

Административно водење на целокупната документација на друштвото и архивирање

Водење грижа за подружницата согласно законските регулативи

 

Очекувани способности и вештини:

Самоиницијативност

Ажурност во работење и  навременост;

Способност за индивидуална и тимска работа;

Професионален однос

Комуникациски и организациски вештини;

Способност за идентификација на проблеми;

 

Ние нудиме:

Компетитивна плата

Пријателска работна атмосфера

Динамична и одговорна работа со постојан раст

Работа со тим од професионалци и индивидулаци, кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација

Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа

Испратете го вашето CV или мотивационо писмо на   careers@mcash.mk