Детали за огласот

  • Акционерско друштво ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ СкопјеСкопје
  • Плата 24000
  • Вид на вработувањеОпределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.euroins.com.mk
  • Код на огласотTHFKNLH

(Неактивен) - РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА НА ОСИГУРУВАЊЕ

Детали за огласот

ОПИС НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

      Изготвување на понуди за осигурување, изготвување на полиси за осигурување и фактури по издадени полиси за осигурување;

      Следење обнова на осигурувањата и наплатата на премија за осигурување;

      Задолжување со полиси и раздолжување на изготвени полиси.

 

НУДИМЕ:

      Вработување на определено времетраење од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на договорот за вработување;

      Полно работно време од 40 часа, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот;

      Основната нето плата за работен однос на полно работно време, за оваа позиција изнесува 24.000,00 денари, со можност за зголемување, во зависност од исполнувањето на работните обврски;

      Работа  во динамично опкружување,  развојна и пријатна средина;

      Работно место во седиштето на Друштвото во Скопје.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ИСКУСТВО И ОБРАЗОВАНИЕ:

      Високо или средно образование;

      Пожелно е работно искуство во дејноста осигурување;

      Добро владеење на англиски јазик на работно ниво;

      Аналитичен пристап кон решавање на доделените задачи;

      Самоиницијативност, посветеност, претпазливост, одговорност, способност за аналитичко размислување;

      Комуникациски способности, способност за тимска работа.

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски јазик на следната e-mail адреса: hr@euroins.com.mk со назнака дека аплицирате за конкретното работно место, не подоцна од 20.08.2022 година.

Вашите документи за аплицирање треба јасно да покажат зошто токму Вие одговарате за позицијата за која аплицирате.

Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и пропратните документи да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци.

Само кандидати кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани на интервју.