(Неактивен) - СОРАБОТНИК ВО КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ
- Прехранбена
- Штип
- Винарска визба ИМАКО ВИНО ДООЕЛ Штип
- 11-06-2022
Детали за огласот
Винарската визба Имако Вино, Штип со постојаниот раст од основањето во 2002 година до денес, прерасна во една од најголемите винарски визби во Македонија со годишно производство од над 10 милиони литри вино.
Имако Вино е модерна винарска визба која успешно ги комбинира современите технологии за производство на вино со креативност и знаење со цел да произведе квалитетни вина.
За потребите на
Винарија Имако Вино во Штип
се бара
Соработник во Контрола на квалитет
со следниве главни задачи и одговорности:
· Имплементира постапки за контрола на квалитетот на производите во соработка со производство, подготовка на контролната документација, акции за подобрување на квалитетот на процесите
· Идентификува неусогласености и превзема превентивни мерки, предлага корективни мерки за отстранување на неусогласеностите во процесите, воведува нови системи за обезбедување на квалитетот
· Врши контрола на квалитет на полупроизводи, пакувачки материјали и суровини за производство
· Обезбедува соодветни обуки, насоки и совети со цел унапредување на квалитетот на призводите и ефикасноста на процесите
· Обезбедува и врши подготовка на податоци, анализи и извештаи за подготовка на годишните интерни и екстерни аудити
· Одговорен за спроведување , ажурирање и сертифицирање на стандардите за квалитет имлементирани во винаријата - ISO 22000, IFS
Потребни способности и карактеристики:
· ВСС - Технолошки, Природноматематички (студии по биологија или хемија) или Земјоделски факултет
· Работно искуство во производство или лабораторија од минимум 2 години
· Познавање на системите за квалитет – HACCP , ISO, IFS
· Способност за разбирање, обработка и пренос на точни податоци и факти
· Изразени организациски и аналитички вештини
· Добри организациски и комуникациски способности, менаџирање на време
· Добро познавање на пишан и говорен Англиски јазик
· Познавање на пакетот MS Office
Компанијата нуди:
Долгорочна и стабилна работна позиција што вклучува 40 часа неделно работно време и со флексибилност на истото во перид на сезона, со конкурентен месечен надомест, можност за напредување и развој во организацијата.
Заинтересирани апликанти, ве покануваме да доставите ваша Професионална Биографија (ЦВ) на: kariera@imakovino.com.mk
Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.
Ви благодариме за вашиот интерес.