Детали за огласот

  • Акционерско друштво ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ СкопјеСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеОпределено
  • Број на работни местанема информација
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.euroins.com.mk
  • Код на огласотTHFIKIO

(Неактивен) - ЕКСПЕРТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА НА ШТЕТИ - ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Детали за огласот

Општ опис на работата:

Решавање и ликвидација на барања за надомест на штети од доброволно здравствено осигурување.

 

Работни задачи и одговорности:

-      Утврдување на основ по барање за надомест на штета од доброволно здравствено осигурување; -      Утврдување на осигурителното покритие и висина на настаната штета во согласност со полисата и условите за осигурување; -      Проверка, комплетирање и решавање (ликвидација) на пријавени штети по доставена документација;

-      Ликвидација на оштетни побарувања во информатичкиот систем на друштвото;

-      Комуникација и соработка со доктор цензор во постапката за решавање на штети; -      Комуникација и соработка со здравствени установи со кои друштвото има склучено договор за соработка;

-      Комуникација со оштетени лица и трети лица во врска со обработка на предметите за надомест на штета од доброволно здравствено осигурување;

-      Вршење на други сродни работни задачи.

 

 

Потребни квалификации и способности:

-      Завршено високо образование; -      Исклучителни комуникациски вештини; -      Способност за брзо и ефикасно решавање на проблеми во врска со обработка на штети;

-      Солидно познавање на англиски јазик на работно ниво и работа со компјутери;

-      Способност за тимска работа;

-      Аналитичен пристап кон решавање на доделените задачи;

-      Целосна посветеност на работните задачи;

-      Висока работна етика, организираност и одговорност.

Работно искуство во областа на надомест на штети, особено штети од здравствено осигурување/нематеријални штети/штети од несреќен случај-незгода, ќе се смета за предност.

 

Друштвото нуди:

-      Вработување на определено времетраење, со можност за продолжување на договорот за вработување;

-      Полно работно време од 40 часа, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот;

-      Работа во Генералната дирекција на Друштвото во Скопје;

-      Работа  во динамично опкружување и пријатна средина, со можност за  професионален развој и надоградба, како и одлични услови за работа со амбициозен и професионален тим.

 

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски јазик на следната e-mail адреса: hr@euroins.com.mk со назнака дека аплицирате за конкретното работно место. 

Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

Нaпомена:  Само одбраните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.