
(Неактивен) - ЕКСПЕРТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА НА ШТЕТИ - ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
Детали за огласот
Општ опис на работата:
Решавање и ликвидација на барања за надомест на штети од доброволно здравствено осигурување.
Работни задачи и одговорности:
- Утврдување на основ по барање за надомест на штета од доброволно здравствено осигурување; - Утврдување на осигурителното покритие и висина на настаната штета во согласност со полисата и условите за осигурување; - Проверка, комплетирање и решавање (ликвидација) на пријавени штети по доставена документација;- Ликвидација на оштетни побарувања во информатичкиот систем на друштвото;
- Комуникација и соработка со доктор цензор во постапката за решавање на штети; - Комуникација и соработка со здравствени установи со кои друштвото има склучено договор за соработка;- Комуникација со оштетени лица и трети лица во врска со обработка на предметите за надомест на штета од доброволно здравствено осигурување;
- Вршење на други сродни работни задачи.
Потребни квалификации и способности:
- Завршено високо образование; - Исклучителни комуникациски вештини; - Способност за брзо и ефикасно решавање на проблеми во врска со обработка на штети;- Солидно познавање на англиски јазик на работно ниво и работа со компјутери;
- Способност за тимска работа;
- Аналитичен пристап кон решавање на доделените задачи;
- Целосна посветеност на работните задачи;
- Висока работна етика, организираност и одговорност.
Работно искуство во областа на надомест на штети, особено штети од здравствено осигурување/нематеријални штети/штети од несреќен случај-незгода, ќе се смета за предност.
Друштвото нуди:
- Вработување на определено времетраење, со можност за продолжување на договорот за вработување;
- Полно работно време од 40 часа, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот;
- Работа во Генералната дирекција на Друштвото во Скопје;
- Работа во динамично опкружување и пријатна средина, со можност за професионален развој и надоградба, како и одлични услови за работа со амбициозен и професионален тим.
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски јазик на следната e-mail адреса: hr@euroins.com.mk со назнака дека аплицирате за конкретното работно место.
Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.
Нaпомена: Само одбраните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.
Останати огласи од ист регион
-
ЕЛЕКТРО ТЕХНИЧАР
- Електроника и Телеко...
- Скопје
- Елкон Конекшн
- 17-08-2025
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
ГОТВАЧ/КА
- Угостителство
- Скопје
- Beer Garden DOO
- 29-08-2025
- 0 ПРЕМИУМ
-
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО- ВАРЕЊЕ ЛОКУМ
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 31-08-2025
- 1 БЕСПЛАТЕН
-
ПРОДАВАЧКА
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 22-08-2025
- 0 ПРЕМИУМ
-
МЕДИЦИНСКО ЛАБОРАТОРИСКИ ТЕХНИЧАР
- Медицина и здравство
- Скопје
- ПЗУ Индус Медика
- 18-08-2025
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН