Детали за огласот

  • Би-МЕК ДООСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањенема информација
  • Број на работни места2
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.bimek.com.mk
  • Код на огласотTHFIHJH

(Неактивен) - ПРЕТСТАВНИК ЗА ПРОДАЖБА

Детали за огласот

Би-МЕК ДОО,  компанија за здравствени технологии, е авторизиран  дистрибутер за реномирани производители на медицинска опрема: Philips, Pentax Medical, Varian, BD Alaris, Trumpf Medical, Hologic, Medela, Schiller и други.

Ако имате искуство во здравствениот сектор и Вашите предности вклучуваат одлични организациски  и продажни вештини, вие сте потенцијалот за проширување на брзорастечкиот продажен тим во Би-МЕК . Во потрага сме на мотивирани личности кои за две различни работни позиции:

1. Стручен соработник (Претставник за продажба) за територијата на Р.С. Македонија 

2. Стручен соработник (Претставник за продажба) за територијата на Р. Србија со седиште во Скопје 

Потребни квалификации:

• Завршено високо образование: електро инженер, доктор, фармацевт, стоматолог, биолог, биотехнолог;

• Работно искуство како медицински претставник или слично искуство со медицинска опрема ќе се смета за предност;

• Силни продажни и комуникациски вештини;

• Способност за тимска работа и работа со рокови;

• Проактивни, креативни, динамични, амбициозни ;

• Подготвеност за работа на терен 

• Валидна возачка дозвола;

• Одлично познавање на англиски јазик (говорна и пишана форма) и српски јазик 

• Компјутерска писменост (Microsoft Word, MS Excel, MS PowerPoint, MS Outlook) ;

Опис на работни задачи:

·       Подготовка на план и стратегија за зголемување на продажбата на медицинска опрема;

·       Работа со клиенти, продажба на медицинска опрема;

·       Менаџирање на клиенти (изработка на понуди, изработка на фактури, следење на наплата и сл.)

·       Комуникација и преговори со производители на медицинска опрема

·       Идентификува можности и предлага активности за развој на продажбата

·       Секојдневна посета и остварување контакти со здравствени работници со цел промоција и презентација на медицинските брендови кои компанијата ги застапува

 

Еден од главните приоритети на Би-МЕК е определбата да се има високо квалификуван и високомотивиран тим и пријатна и продуктивна атмосфера каде секој е одговорен за своите должности со цел да ги задоволи потребите на клиентите и политиката  на компанијата. Би-МЕК, континуирано инвестира во едукација и обука на својот тим преку организирање на разни работилници и тренинг сесии насочени кон континуирано подобрување.

Ако сметате дека :

·       Вие сте тимски играч со искуство во здравствениот сектор

·       Сакате работа во динамична средина

·   Поседувате организациски, продажни и преговарачки способности

Тогаш сте личноста за оваа работна позиција! Со приклучување кон нашиот брзо растечки и просперитетен тим, ќе имате одлична можност за понатамошен личен раст и развој на кариерата. Ние нудиме можност да работиме на меѓународни проекти и да бидеме дел на меѓународни тимови со можности за обука, конкурентна плата и флексибилно работно време.

Заинтересираните потребно е да достават резиме (CV), понова фотографија, фотокопија од диплома или уверение и препораки(доколку имате)  најдоцна до 04.03.2022, на следната е-маил адреса:  medical@bimek.com.mk    со назнака на позицијата 1 или 2

 

НАПОМЕНА:

САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани и сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост.