Детали за огласот

  • Озон дооелСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.ozonair.info
  • Код на огласотTGOIGJI

(Неактивен) - МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР

Детали за огласот

Огласуваме слободно работно место на позицијата: МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР –  КОНСТРУКТОР

Озон има потреба од машински инженер - конструктор, кој ќе му се придружи на нашиот инженерски тим во Скопје. Кандидатот ќе биде одговорен за конструирање и изработка на техничка документација и цртежи за производство на машини и производи за климатизација и други производи.

 

Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:

Машински Факултет – Производно инженерство или слично

3 години работно искуство во конструирање на делови и склопови ќе се смета за предност

Одлично познавање и активна работа на програми за 3Д цртање – “Autocad Inventor” или “Solidworks”

Познавање програми за работа на компјутер – “excel, word” и други

Познавање англиски јазик

Да поседува вештини за прецизност во работењето, одговорност кон работата,  позитивен однос кон околината, грижа кон луѓето и лојалност

 

За следниве работни задачи

Изработка на технички цртежи и документација за производство во “Autocad Inventor”, работа со “CAD/CAM” софтвер, следење на производствен тек, дизајнирање нови производи и симулации

Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови за производство

Одговорен и посветен однос кон работата, спремност за завршување на задачите во зададен временски рок, посветеност на детали

Комплетирање производна документација согласно барани прописи и технички стандарди

Организација и архивирање документација за тековната работа

Примена и реализација на современи решенија и технологии во производство

 

Се добиваат следниве услови за работа

Редовни солидни примања

Работа во климатизирани простории

Можност за обука и стекнување нови знаења

Можност за посета и учество на саеми и други стручни надградувања

Награди за квалитетно извршување на работните задачи

Исплата на регрес за годишен одмор согласно со условите за стекнување

Можност за остварување новогодишен или друг надоместок

Посета на саеми и настани за обука

 

Доколку ги исполнувате бараните услови Ве повикуваме да ги испратете ги вашата биографија и писмо за мотивација на Македонски јазик на адреса: vrabotuvanje@ozon.com.mk