Детали за огласот

  • SigmoidgroupСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.sigmoidgroup.com
  • Код на огласотTGOHKNG

(Неактивен) - UX ДИЗАЈНЕР

Детали за огласот
Бараме UX дизајнер кој е заинтересиран да се приклучи на нашиот тим и да ги посвети своите вештини во развој на JetMinds.org. Нашата визија е да ја направиме најнапредната платформа за основно и средно образование во светот. За да ја оствариме таа цел досега обезбедивме две инвестиции од Фондот за иновации. Ако веруваш и ти дека во Македонија може да се направи продукт кој ќе биде конкурентен на глобално ниво, придружи ни се! Тимот со кој ќе работиш

Тимот со кој ќе работиш на JetMinds.org доаѓа од различни средини и држави. Ќе соработуваш со продукт специјалисти, програмери, но и интерни и екстерни инструктори по различни предмети.

Твојата работа ќе има голем импакт врз крајниот продукт. Се надеваме си спремен/а за одговорноста и предизвикот.

За позицијата

Како UX дизајнер на JetMinds, ќе работиш на активности кои варираат од истражување и дефинирање на можности за развој на продуктот до развој и преработка на функционалности. 

Клучно за оваа услога е да бидеш креативец кој технички може да ја имплементира својата замисла во код.

Потребни квалификации Формално образование не е задолжително, но потребно е претходно искуство (full-time/part-time/freelance) во областа на UX/Front-end development Одлично познавање на HTML, CSS и Vanilla JS Одлично познавање на UX алатки (н.п. InVision, Sketch, како и општо Adobe Creative Suite) Искуство во работа со користење на GitHub Нудиме Работа во старт ап тим со други креативни, забавни и високо мотивирани професионалци Работа со директен импакт на брзо-растечки производ Модерно работно место, со некои од најубавите погледи во Скопје Чести дружби, вклучително скара или веџи бургери подготвени на висина од +100 метри