Детали за огласот

  • ПМКМСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни местанема информација
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаhttps://profil-group.com.mk/
  • Код на огласотTGIIJKM

(Неактивен) - ПРЕТСТАВНИК ЗА ПРОДАЖБА ВО ИНДУСТРИЈА

Детали за огласот

За потребите на својот клиент – “ТГС Технички Гасови АД Скопје” – дел од групацијата SOL, која е една од најголемите Европски компании во секторот на технички и медицински гасови, ПМКМ објавува оглас за работната позиција:

 

ПРЕТСТАВНИК ЗА ПРОДАЖБА ВО ИНДУСТРИЈА

 

Главни работни задачи:

·         Истражување на пазарот;

·         Промовирање, презентирање и продажба на производите и услугите на компанијата;

·         Анализа на барањата на клиентите и предлог на соодветни решенија за потребите на истите;

·         Градење на деловни релации со нови клиенти и водење грижа за веќе постоечките клиенти;

·         Подготовка на тендерска документација;

·         Подготовка на неделни, месечни и годишни извештаи за сопственото работење; 

·         Активно учество и придонес во развојот на компанијата.

 

 

За компанијата:

“ТГС – Технички Гасови АД Скопје” е компанија која се занимава со производство и трговија со технички и медицински гасови, како и транспорт, дистрибуција и продажба на медицински и технички гасови, дизајн на технички решенија, монтажа на инсталации за потрошувачка на гас и трговија со опрема и апаратура за користење на гас.

Долгогодишното постоење на пазарот, атрактивниот награден пакет, можностите за обуки, континуираната грижа за своите вработени, како и сигурноста која им ја дава оваа компанија, се само дел од факторите кои ја прават конкурентна и посакувана работна средна.

 

Доколку сметате дека одговарате на горенаведениот опис, а сте во потрага по стабилна компанија која нуди сигурност, Вашето CV испратете го на info@pmcm.guru со назнака “За Претставник за продажба во индустрија”.

 

Краен рок за доставување на апликациите е 28.05.2018 година.

 

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

 

Јавувањето и контактирањето директно во компанијата ТГС ќе се смета за прекршување на процесот на аплицирање и регрутација и ќе ве дисквалификува од истиот.