Детали за огласот

  • Агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст БЕЈБИСИТИНГ СЕРВИС СкопјеСкопје
  • Плата 22 000 МКД
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни места4
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.babysittingmk.com
  • Код на огласотTGIFOLH

(Неактивен) - СТРУЧЕН СОРАБОТНИК - КОЗЛЕ БРОЈ НА ОГЛАС: КОЗЛЕ 003

Детали за огласот

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК – КОЗЛЕ оглас број: Козле 003

Бараме СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ кои ќе станат дел од нашиот тим

Бараме стручни соработници со амбиција и желба да ни се придружат во нашата работа во згрижување, нега и едукација на деца со атипичен развој. Ние сме компанија Бејбиситинг Сервис, основана со цел на родителите да им овозможиме висококвалитетна услуга чување и воспитување на децата во домот на семејството, како и придружба во училиште. Децата со атипичен развој се единствени. Тие го доживуваат светот и животот на различен на начин и тоа е она што ги прави посебни. Од начинот на кој што се врши интеракција со нив и каква поддршка им се пружа во нивниот развој, се определуваат и нивниот социјален, емоционален и физички напредок и развој.

 Нашата компанија расте и за потребите на нашите клиенти и нашата агенција објавуваме оглас за вработување на

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК– за работа и придружба на дете со атипичен развој во Козле

Опис на потребите: Детето е со церебрална парализа (со помош на асистент може да оди и зборува. Користи количка додека е во училиште.)

Возраст на детето: 9 години

Работно време: 07:45 – 17:30

Работни денови: Понеделник – петок

Плата: почетна 22,000 МКД со можност за договор во зависност од квалификации и искуство на кандидат.

 

Клучни одговорности на стручниот соработник:

·         Придружба на детето во училиште (времетраење 3 часа од 08:00 до 11:00)

·         Работа според ИОП

·         Соработка со наставници во училиште со цел на ефективно вклучување на детето во училишни активности

·         Поддршка во учењето, развој и едукација на детето

·         Поддршка во инклузија

·         Работа со детето во домот на семејство - завршување на училишни часови асистент и детето заедно одат дома и продолжуваат со дневни активности во домот на семејство.

·         Запазување и редовно давање терапија според упатства дадени од родителите

·         Помош околу хранење

·         Овозможување на активности согласно возраста и потребите на детето

·         Прошетки во околината на домот

·         Соработување со родителите, давање поддршка, примање и усвојување совети 

Нудиме:

Ние нудиме можност за долгорочно вработување, напредување и надградување. Стручните соработници во нашата агенција имаат можност за соработка и работа во странски и домашни семејства. Надоместоци и плати во нашата агенција се мотивирачки и освен плата и можност за едукација вклучуваат: присуствување на домашни и меѓународни обуки во наведената област.

Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата биографија или CV електронски најдоцна до 27 април 2018 година на некоја од следните емаил адреси: info@babysittingmk.com или contact@babysittingmk.com. и задолжително наведете го бројот на огласот за кој аплицирате: Козле 003

*Бројот на огласот стои веднаш до насловот на секој оглас.

Само кандидати чии вештини и квалификации одговараат на потребите на семејство ќе бидат повикани на интервју. Биографии и апликации доставени по наведениот рок нема да бидат земени превид.

Повеќе информации и на : www.babysittingmk.com

Сите апликации и пријави ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со Закон за заштита на лични податоци.