Детали за огласот

  • Агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст БЕЈБИСИТИНГ СЕРВИС СкопјеСкопје
  • Плата 15 000 МКД
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни места2
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.babysittingmk.com
  • Код на огласотTGIFNMM

(Неактивен) - ДАДИЛКА - БРОЈ НА ОГЛАС: АЕРОДРОМ 001

Детали за огласот

Бараме ДАДИЛКИ кои ќе станат дел од нашиот тим

Бараме дадилки со амбиција и желба да ни се придружат во нашата работа во згрижување, нега и едукација на деца. Ние сме компанија Бејбиситинг Сервис, основана со цел на родителите да им овозможиме висококвалитетна услуга чување и воспитување на децата во домот на семејството. На грижата за децата гледаме како на интерактивен процес со којшто на детето му се овозможува развивање на социјални, општествени и комуникативни способности. Ние ја почитуваме индивидуалноста на секое дете и секое семејство. Модерното и современо време е исполнето со предизвици како за децата така и за родителите. Возраста на детето, начинот на исхрана, омилените активности или посебните потреби се фактори кои имаат влијание на организација на секојдневните активности. Меѓутоа без оглед на посебните услови, висококвалитетна грижа и нега на детето е приоритет за секоја дадилка.

За потребите на нашите клиенти објавуваме оглас за вработување на

ДАДИЛКА – негувателка на две деца во домот на семејство во Аеродром

Возраст на децата: 3 години, 7 години.Работно време: 12:00 – 18:00 часот, за време на летниот и зимскиот распуст работното време на дадилката ќе биде: 09:00 – 17:00 часот. Работното време е флексибилно и во договор со семејство но се смета како полно работно време.

Работни денови: понеделник – петок

Плата: По договор

Клучни одговорности на дадилката:

·         Преземање на децата од градинка ( помалото) и од школо (поголемото)

·         Подготовка на оброци за двете деца

·         Помош на децата околу лична и општа хигиена

·         Носење и/или преземање на децата  на дополнителни активности

·         Организирање на денот

·         Овозможување на едукативни игри согласно возраста и развој на децата

·         Учење на навики, однесување и општа култура

·         Читање на книги

·         Помош околу домашни задачи

·         Прошетки во парк

·         Одржување на детска соба и простор за играње

·         Грижа за играчки и детски алишта

 

 

 

Нудиме:

 

Ние нудиме можност за долгорочно вработување, напредување и надоградување. Дадилките во агенција имаат можност за соработка и работа во странски и домашни семејства. Надоместоци и плати во нашата агенција се мотивирачки и вклучуваат освен плата и можност за едукација и присуствување на домашни и меѓународни обуки во наведена област.

 

Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата биографија електронски најдоцна до 27 април 2018 година на некоја од следните емаил адреси: info@babysittingmk.com или contact@babysittingmk.com. и задолжително наведете го бројот на огласот за кој аплицирате: Пример: Аеродром 001

 

*Бројот на огласот стои веднаш до насловот на секој оглас.

 

Само кандидати чии вештини и квалификации одговараат на потребите на семејство ќе бидат повикани на интервју. Биографии и апликации доставени по наведениот рок нема да бидат земени превид.

 

Сите апликации и пријави ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со Закон за заштита на лични податоци.

 

Повеќе информации и на : www.babysittingmk.com